АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот (22.23.24-февруари),извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 1079 возачи и возила.При контролата алкотестирани се вкупно 129 учесници во сообраќајот ,при што кај 13 возач откриено е присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 9 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.Кај 2 возила е утврдена техничка неисправност ,а на 10 возила утврдено е дека се нерегистрирани, или се со измината важност сообраќајните дозволи. 9 возачи се писмено опоменати ,а на 106 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 35 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 57 видови останати прекршоци.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендов се случиле 6 сообраќајни незгоди, во кои едно лице се здобило со телесни повреди , причинета е материјална штета.