АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не помина долго време по комплетната реконструкција на улицата "Кузман Јосифовски" во центрот на Битола, а новиот асфалт неодамна е раскопан на две места.
На едно место, улицата попречно е раскопана од едниот до другиот крај на ивичниците, поставен е тампон, па возилата подрипнуваат.
Малку погоре, афалтот е раскопан во должина од неколку метри, покрај ивичниците и местото е обезбедено со црвена лента.
По повеќемесечна реконструкција, оваа улица беше повторно пуштена во употреба на 21 август годинава, кога поранешниот градоначалник, Владимир Талески, соопшти дека комплетно биле заменети водоводната и канализационата мрежа и поставен нов асфалт, за што од општинскиот буџет беа потрошени 15,5 милиони денари.
Немаме информација зошто новиот асфалт е откорнат, но, речиси и да нема улица во градот, која не била раскопана по асфалтирањето.
Улицата "Кузман Јосифовски" е главна сообраќајна артерија во старото градско јадро во Битола и е една од најфреквентните по воспоставувањето на новиот еднонасочен сообраќаен режим во овој дел од градот.