2win800x200

Шест новозаболени во Битола на возраст од 23 до 85 години, сите поврзани со семеен кластер

Септември 10, 2020

 

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19 
- 6 во Битола (лица на возраст од 23 до 85 години, сите лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери);
- 1 во Кичево (лице на возраст од 71 година; дава податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство);
 
Во Ресен и Д.Хисар денес нема новозаболени лица.
 
Денес се регистрирани и 2 оздравени лица од Кичево, информираат од Центарот за јавно здравје
 
Во Битола до денес се регистрирани 237 заболени, а активни се 46 случаи
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани