Дваесет и две годишно момче е разбојникот кој од вратот и откина златен ланец на битолчанка . Битолската полиција за само 4 дена го откри и приведе разбојникот.
-Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело “разбојништво“. Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски" во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец.
По преземените мерки и активности О.Е. бил пронајден и приведен. Одреден му е притвор до 30 дена.