2win800x200

Поднесени пријави за незаконски риболов на акумулацијата "Стрежево"

Септември 13, 2020

Во заедничка акција на концесионерот ЈП "Стрежево" со Државната риболовна контрола на Македонскара риболовна федерација, поднесени се повеќе пријави за незаконски риболов на акумулацијата "Стрежево"

 
-Целта е  обезбедување на ефикасна заштита, а контролата првенствено беше насочена кон спречување на рибокрадството (улов на маломерен крап), велат од ЈП "Стрежево".
 
Во координирана акција се фатени повеќе сторители на прекршочно дело - лов на риба под одредена големина, за кое согласно член 112 од Законот за рибарство и аквакултура е предвидена глоба од 500 до 1200 евра.
 
За овие прекршители се обезбедени цврсти и адекватни материјални докази кои ќе бидат употребени во натамошната постапка пред надлежните институции.
 
На лицата кои вршеа риболов спротивно на законските прописи им се одземени риболовните средства, опремата и уловената риба со соодветен записник.
 
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата и обврските при вршењето на рекреативниот риболов на рекреативната зона “Aкумулација Стрежево“, апелира концесионерот
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани