2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Фатен крадец од Скопје кој извршил 33 кражби во Битола и Охрид

Март 08, 2021

 

 
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид на 06.03.2021 го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Битола и Охрид. 
По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела. Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани