2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

16 годишна скопјанка прегазила млада битолчанка во автокампот Крани, удрила во два автомобила и една канделабра

Мај 02, 2021

16 годишно девојче од Скопје прегазило 21 годишна битолчанка нанесувајќи и тешки телесни повреди. Потоа младата скопјанка удрила во две паркирани возила и канделабра.

Настанот се случил синоќа, на 1 мај, околу 21 часот кога во полиција било  пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот.

Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани