2win800x200

Вакцината на Џонсон и Џонсон има упатство за користење, ама онлајн

Јули 26, 2021

 

Тврдењето дека празните листови во медицинските пакувања на вакцините се со цел да се сокријат информациите за безбедноста и за ефикасноста на вакцината, се невистинити. Листот е намерно оставен бел, затоа што содржи кју-ар код и веб-страница за да може да ги погледнете најновите и апдејтирани информации за вакцината

Рецензирамe пост на Фејсбук со содржина која се однесува на вакцината на Џонсон и Џонсон.

На видеото во склоп на постот женско лице во рацете држи затворена кутија од вакцината на Џонсон и Џонсон и откако ја отвора кутијата, од неа го вади упатството за употреба и странични ефекти, кое е дел од секој медицински препарат. Меѓутоа, овој лист е празен и бел, мора да е магија, наведува жената во видеото.

На 15 секунда од видеото, кога ја отвора кутијата од вакцината, се гледа дека овој лист има бар код. Тој бар код ги содржи сите информации кои вообичаено би биле испишани на упатството за користење.

Тврдењето дека празните листови во медицинските пакувања се со цел да се сокријат информациите за безбедноста и за ефикасноста на вакцината се невистинити. Листот е намерно оставен бел, затоа што содржи кју-ар код и веб-страница за да може да ги погледнете најновите и апдејтирани информации за вакцината.

Иако е точно дека листот е главно бел и празен, тој има и секција односно дел во кој што е експлицитно наведено дека оваа одлука била намерна.

Упатствата за користење во САД кои се во склоп на Џенсен ковид 19 вакцината, вклучуваат информации како електронски да пристапите до датите на истекување на рокот од Американската агенција за храна и лекови и тоа на www.vaxcheck.jnj, изјавил портпаролот на Џонсон и Џонсон за „Ројтерс“.

Тој појаснил дека ова е со намера граѓаните да имаат пристап до најновите информации, апдејти за вакцината. Листот кој се наоѓа онлајн содржи детални информации за тоа кој може да ја прими, составот на вакцината, дозата и администрацијата на вакцината и предупредувања и контраиндикации.

Вакцината ги содржи следните состојки: рекомбинантен некомпетентен аденовирус тип 26, монохидрат од лимонска киселина, дихидрат на тритриум цитрат, етанол, 2 – хидроксипропил – 8 циклодекстрин, полисорбат 80, и натриум хлорид. Се препорачува било кој алергичен на некоја од овие состојки да не ја прима дозата. Сите овие информации се достапни онлајн преку кју ар кодот достапен на задната страна од кутијата, додека трае авторизацијата на оваа вакцина од Американската агенција за храна и лекови.

Европската агенција за лекови, ЕМА, ги има објавено сите детали за оваа вакцина.

Мора да се напомене дека оваа вакцина не се администрира во Северна Македонија од почетокот на вакцинирањето и не е најавено дека се вршени преговори со компанијата за да ја испорача во земјава.

Поради сето горенаведено, сметаме дека постот е со пропуштен контекст. Иако е точно дека поголемиот дел од упатството е оставен празен или листот е бел, тоа е одлука што е експлицитно објаснета и истакната на самото пакување, зашто компанијата одлучила да ги пренасочи корисниците онлајн да го прочитаат упатството, за да можат да имаат пристап до најновите и најсвежи информации за неа, по можни ревизии од Агенцијата за храна и лекови.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани