АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се тврди дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот содржат хидрогел, кој бил „мини вакцина што ги масакрира црвените крвни здрнца“, литиум – кој делува на расположението на човекот, се користи во лекување на психотични болести, батерија со 3Д структура како некаква антена. Плус на тоа се додава тврдењето кое наведува на погрешен заклучок – дека изумителот на ПЦР тестот не го препорачува за детекција.
Но, тоа тврдење потекнува од напис напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 години за ХИВ и СИДА, а не за ковид 19.
Контекстот од написот покажува дека Лауритсен не вели оти ПЦР тестот не функционира. Наместо тоа, тој појаснува дека ПЦР тестот ги идентификува квалитативно супстанците, а не квантитативно, детектирајќи ги генетските секвенци од вирусот, но не и самите вируси: ПЦР тестот има намера да ги идентификува супстанците квалитативно, но во неговата природа не е соодветен за проценка на бројки. Иако има честа погрешна импресија дека тестот го брои износот на вируси во крвта, овие тестови не можат да детектираат слободни инфективни вируси воопшто, тие може само да детектираат протеини за кои се верува дека се уникатни на ХИВ. Тестот може да детектира генетички секвенци од вируси, но не самите вируси.
Дури и ако Мулис го повторил истото пред смртта во 2019 година, тоа не значи дека ПЦР тестот е неспособен да детектира Сарс Ков 2 – туку значи дека ПЦР тестот не може да определи дали индивидуата што се тестира е инфективна!
ПЦР тестовите се златен стандард за идентификување сарс ков 2 во респираторниот тракт. Овие тестови се брзи и произведуваат резултати во исто време.
Важно е да се нотира дека детекцијата на вирален материјал со ПЦР не индицира дека вирусот е инфективен или способен да предизвика инфекција кај други луѓе.
Во постот кој го рецензираме се тврди и дека ПЦР тестовите се „отровни,“ што не е точно. ПЦР тестот, односно брисот што претставува стапче со памучен врв, не содржи литиум (лек за психотични состојби администриран главно во САД). Зошто некој би сакал да администрира прилично скап лек преку ПЦР стапче? Литиум се дава само со строга медицинска индикација и не е за сите, затоа комплетно илегално би било да се дава со пцр тест, ниту, пак, е логично зошто некој тоа би сакал да го прави? Нема никакви докази дека на ПЦР тестот има литиум.
Молекуларните тестови, односно ПЦР тестовите, ги бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук! Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија.
Познато е дека молекуларниот тест (ПЦР тестот), со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со Ковид-19..
Со овие тестови се бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија.
Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавилах уште во април за МИА изјави дека според упатствата на СЗО, ПЦР тестот е направен да го детектира самиот вирус, односно антигенот.
Со него може да се измери вирусното оптоварување или бројот на вирусите во еден примерок. Тоа значи дека само преку тестирање на вирусното оптоварување преку ПЦР, ние ќе знаеме дали некој е заразен и има активна болест и кога некој е излечен, истакна таа за МИА.
Поврзувањето, пак, на ПЦР тестовите со 5Г технологијата и всадувањето микрочипови нема никаква реална поткрепа. Ваквите објави, кои во последно време зачестија, одат на линија единствено на некакви терории на заговор, кои неизбежно прават линк со сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и тие досега повеќепати се разоткриени од сервисите за проверување на факти, како оние на Би Би Си, Ројтерс, но и многу други. Рецензија за една таква конспирација имаше неодамна и „Вистиномер“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар