АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националниот акциски план за правата на ЛГБТ е изработен, но сè уште не е усвоен поради пандемијата предизвикана од ковид-19. Дополнително, локалните избори, состојбата на силите во Собранието и непредвидливиот исход за Владата како последица од овие состојби, го отежнаа процесот за усвојување на НАП-от, кој не е приоритетно ставен на агендата. Северна Македонија забележа скок за 12 места на „Rainbow Map“ на ИЛГА – Европа. Моментално, нашата земја е рангирана на 33-тото место од вкупно 49 држави што се рангираат, пишува во извештајот на Институтот за европска политика Скопје, од декември годинава.
На последниот работен состанок од страна на МТСП ни беше презентирана верзија на документот што тие самите ја скроиле зад затворени врати, а во која беше избришано сѐ што е поврзано со воведувањето правна рамка за официјално признавање на истополовите двојки (нешто што се нотира од Европската комисија како препорака, односно недостаток, неколку години по ред во извештаите за Северна Македонија), без притоа да ги консултираат претставниците на невладиниот сектор во работната група. Наводно, проблемот беше во отсуството на политичка волја кај коалиционите партнери на СДСМ, па се правеа калкулации во пресрет на локалните избори, за сега, конечно, да решат да го стават акцискиот план како анекс кон стратегијата за недискриминација што сѐ уште ја немаме добиено на увид. Порачувам дека нема да дозволиме да нѐ искористат нас претставниците на невладиниот сектор колку да прикажат во јавноста, пред Европската Унија и Советот на Европа, дека имале инклузивен процес на изработка на документот, креирајќи ги политиките од долу нагоре со вклучување на граѓанските организации. Воедно, ја потсетувам Владата дека Националниот акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата во Република Северна Македонија за периодот 2021-2025 се изработува во рамките на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), што е под мандат на Секретаријатот за европски прашања. Така што, нашата држава секако ќе мора да го усвои и да започне со спроведување на овој документ, ни рече Стојковиќ.
Политичарите мора да сфатат дека кога се зборува за ЛГБТИ луѓето, станува збор за човечки животи. Живееме во држава каде сме стигматизирани, дискриминирани, трпиме вербално и физичко насилство, а сето тоа се одразува на нашиот личен и професионален развој, како и врз менталното здравје. Мора да се дејствува порешително. Политичките чинители мора да бидат свесни дека се во прашање човечки судбини и дека мора да ги исправат историските неправди кон ЛГБТИ луѓето, преземајќи одговорност и конкретни акции за ставање крај на дехуманизирачкиот третман од страна на државата и институциите на системот. Во прво време, преку отстранување на постојните законски пречки и понудување нови законски решенија за подобрување на позицијата и пристапот на ЛГБТИ луѓето до човековите права. И, конечно, ЛГБТИ луѓето не бараат посебни привилегии или права, туку бараат еднаков пристап до и уживање на правата што нивните хетеросексуални цисродови сограѓани ги земаат здраво за готово. Секако дека има некои нерегулирани прашања што се однесуваат специфично на нив и нивните околности, но целосна еднаквост ќе постигнеме само доколку никој не биде изоставен, смета Стојковиќ.
Тогаш, секако, државата треба да донесе нова законска рамка „регистрирано партнерство“ за регулирање на семејната заедница меѓу истополови партнери. Како што објаснува Стојковиќ, тоа ќе подразбира внесување на термините „регистрирано партнерство“, „регистриран партнер“ и друго секаде каде што е потребно во националната легислатива, вклучително и во овој Законот за странци.
Оваа забелешка произлегува од моето лично искуство. Веќе Повеќе од 10 години живеам со мојот партнер во РСМ кој е странец и престојот во државата земјава го регулира секоја година одново по основ на волонтирање во невладина организација. Немаме никакви законски права како пар во РСМ, дури ни оние што ги имаат партнерите од вонбрачна заедница бидејќи и таа се однесува само на маж и жена. Со нетрпение чекаме да ни се овозможи законска рамка за да го регистрираме нашето партнерство, меѓу другото, како трајно решение и основ за регулирање на неговиот престој во Северна Македонија и градење на заеднички живот овде, вели Стојковиќ.
Доколку го следиме правното резонирање на судските одлуки на Европскиот суд за човекови права, ќе заклучиме дека и Македонија има обврска да обезбеди еднакви услови за остварување и заштита на правото на приватен и семеен живот за сите.
Значи, неминовно е дека нашата држава „треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери, додава Стојковиќ.
Политичките чинители мора да бидат свесни дека во прашање се човечки судбини, буквално, и дека мора да ги исправат историските неправди кон ЛГБТ луѓето преземајќи одговорност и конкретни акции за ставање крај на дехуманизирачкиот третман од страна на државата и институциите на системот, во прв ред, преку отстранување на постоечките законски пречки и понудување нови законски решенија за подобрување на позицијата и пристапот на ЛГБТ луѓето до човековите права, истакна тој.
Во драфт верзијата од документот, има повеќе области на регулација. Оваа верзија не е усвоена и претрпела измени кои граѓанските организации не ги добиле на увид. Сепак, првичната верзија во себе содржи приоритетни области, меѓу кои, унапредување на политиките и нивна имплементација, зајакнување на капацитетите на институциите за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, подигнување на свесноста на заедницата за правата на ЛГБТИ луѓето. Сите овие цели треба да се остварат до 2025 година со одредени мерки и токму тука е настаната блокадата, односно некои чинители не сакаат да дозволат регистрирани партнерства.
Нерегулирани се и прашањата за наследства на истополови партнери, зашто не се изедначени брачната и вонбрачната заедница во наследното право. Вклучени се и зголемена контрола и санкции при сајбер булинг, сензибилизирање на медиумите, подигнување на свесноста за штетните последици од говорот на омраза, заштита на ЛГБТИ луѓето од насилство и дискриминација, подобри работни услови, ревизија на учебниците во образованието од аспект на пол, сексуалност и недискриминација, воспоставување на стручен тим лекари специјалисти кои обезбедуваат здравствени услуги за медицинска потврда на родот, обезбедување бесплатна психолошка поддршка на ЛГБТИ луѓето жртви на насилство и нивните семејства.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар