
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното јавно обвинителство Битола ги гони организаторите на борби со кучиња во битолското село Црнеец, настан што ја згрози јавноста.
Ова следува откако СВР Битола објави дека девет мажи се лишени од слобода заради организирање на негелани борби со кучиња во двор од семејна куќа во селото Црнеец. Меѓу организаторите се четири лица од Косово, исто толку од Битола, и еден штопјанец, Но ОЈО битола наведува дека во организацијата учествувал и Грк.
Во соопштението на ОЈО Битола стои:
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.
Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.
Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката.
БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година, објави .https://nezavisen.mk
Славеникот Дранго, роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот лик наспроти мечка, се облекол во маичка со апликација со мечка, што навидум личи на подбив за случајот кој го отворија истражните ограни за него, подбив за реакцијата на јавноста и одгласот на здруженијата за заштита на животните за реалната фотографија со отепаната мечка.
На фотографијата на Фејсбук, сега екс заменик-директорот на „Македонија пат“ Дранго е сликан паднат на колена, значи седи на подот на некоја кафеана, во едната рака ја држи тортата на која има украс како седи на маса со чаша вино в рака и наздравува со мечка. Маицата што ја носи е во бојата на кафеавата мечка, но овој пат избрал јадра мечка, а не како таа на реалната фотографија за која е под истрага. Зад него е декорирано со балони што оддава на славеничка атмосфера.
Над објавената фотографија Дранго напишал: „Еве, со мечево пак се сретнавме, ми дојде на роденден“, и ставил емотикон со намигнување, кој обично се користи кога некој се шегува или сака да испадне интересен.
Оваа роденденска фотографија Дранго ја ограничил само за свои пријатили што ги одбрал и не може јавно да ја види секој. Но, од фотографијата која ја доби „Независен“, се гледа дека од синоќа досега ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ добил над 1.000 лајкови и над 600 коментари со честитки за роденденот.
Фејсбук пријател на Дранго му напишал среќен роденден со порака – „Сите желби реалност, ќе дојди и лаво, полека бате“.
Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, оти Сашо Дранго тогаш беше заменик-директор на „Македонија пат“ и со партиска функција – претседател на Унија на ветерни на ВМРО-ДПМНЕ на Демир Хисар.
ОЈО Битола експресно отвори предмет и презеде дејствија за обезбедување докази. Дранго беше викнат во Обвинителството да даде исказ, а истражните органи со судска наредба влегоа и во неговиот дом во демирхисарското село Белче и извршија претрес. Јавно, ниту ОЈО Битола, ниту Дранго не кажаа што нашле во куќата кај тогашниот државен и партиски функционер. Особено за јавноста беше предмет на интерес дали евентуално полицијата ја најде пушката со снајперски нишан што Дранго ја држи во раката на спорната фотографија со мечката.
Од ОЈО Битола во јули последно потврдија дека за предметот на Дранго уште следат постапки што треба да се дополни истрагата.
„Постапката е во тек со дополнителни проверки за кои јавниот обвинител издаде соодветни наредби до СВР Битола“, одговори ОЈО за „Независен“ на 17 јули.
Денеска од ОЈО Битола за „Независен“ го соопштија само ова: „По насоки на јавниот обвинител постапува СВР Битола “
Од она што се знае досега е дека осомничениот ја направил оваа фотографија лани во декември. Тој тврдеше за медиумите дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонијапат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.
Меѓутоа СВР Битола го демантира и плус даде информација дека тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје. Од тука остана прашањето – чија била пушката со снајперски нишан.
Јавноста побара оставка од Дранго од втор човек на „Македонијапат“. Случајот доби и политичка димензија, па на крајот на јануари за случајот се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека не верува во неговата приказна за убиената мечка.
Но, Дранго не беше разрешен, тој за „Независен“ на СМС порака лично потврди дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .
„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Дранго.
Спорната фотографија за Дранго со мечката ја обелодени Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Оттаму се децидни дека тој треба да одговара „кривично со најстрога казна земајќи го предвид неговото портфолио и тоа што беше функционер треба да послужи за пример“.

Сашо Дранго фејсбук фотографија
Анета Блажевска
(корегирано во 15 и 37)
