АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, а во однос на медиумската сфера, беше нотирано дека генерално, има ограничен напредок. Нотирани беа и зголемените тензии за време на ковид кризата, а воедно беше укажано дека треба да се продолжат напорите за саморегулација, по што би следеле конкретни резултати за напредокот во професионалните стандарди на новинарството.
Треба да се обезбеди поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии. Властите треба да ги зголемат своите напори за реформа на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Јавниот радиодифузен сервис донесе петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат поради доцнењето на именување членовите во неговиот управен совет и во советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Кризата од ковид-19 имаше силно економско
влијание врз медиумскиот сектор, особено врз регионалните и локалните чинители. Медиумите беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите сè уште треба да се решат, стои меѓудругото во Извештајот на ЕК.
Од објавувањето на Извештајот за напредокот на земјава помина извесно време, но дали и колку проблемите се решија?
Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), вели дека решенијата се јасно идентификувани, но она што недостига е политички компромис и политичка волја.
Решенијата се јасно идентификувани и дел од истите подразбираат стабилен буџет на јавниот сервис и медиумскиот регулатор како и спроведување на законот во делот на избор на членови на управните тела на МРТ и АВМУ, нешто за што едноставно нема политички компромис а тоа ни говори дека нема ни политичка волја за спроведување на реални системски промени во секторот. Освен ова, платеното политичко рекламирање за време на изборните кампањи посебно во услови кога истото не е регулирано во делот на онлјан медиумите создава можност за злоупотреба на јавните пари од страна на политичките партии и субјекти во насока на поткупување на медиумите на штета на јавниот интерес. Дополнителните обиди за враќање на непопуларните владини кампањи во приватните медиуми кои се плаќаа со пари на граѓаните и игнорирањето на барањето за јавна дебата за потреба од Фонд за слободни медиуми, преку кои би се поддржувале новинарски продукти од јавен интерес, само говори дека владата моментално нема искрен пристап во создавање на механизми за поддршка во медиумскиот сектор, вели Секуловски за „Вистиномер“.
Според него, стратегија за развој на медиумскиот сектор во оваа фаза не е потребна зошто на тој начин, по примерот на колегите во Србија, може да се злоупотреби процесот од страна на Владата и да се искористи како аргумент за дополнително одлагање на тековни процеси како што се усвојувањето на Кривичниот закон и Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда но и останати тековни прашања на кои инсистира медиумската заедница.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/280284620_10160292826973552_2433686289501269233_n-150x150.jpg 150w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/280284620_10160292826973552_2433686289501269233_n-768x772.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/280284620_10160292826973552_2433686289501269233_n.jpg 955w" alt="" width="278" height="280" class="wp-image-129119 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Ако на ова се додаде и фактичката состојба со националниот сервис и фактот што Владата не си го почитува сопствениот закон за финансирање на МРТВ јасно е дека и оваа политичка структура нема цел за изградба на професионален и квалитетен јавен сервис.Начинот на којшто се слеваат буџетски средства во приватни медиуми пак е одличен рецепт за класична корупција и влијание врз уредувачката политика и од власта и од партиите, воопшто.Генералната оценка е значи дека и покрај подобрувањето на целосната атмосфера во медиумскиот простор, во однос на слободата на говор, отсуствуваат системски реформи што ќе гарантираат здрав простор и во иднина за функционирање на медиумскиот бизнис и самото новинарство како професија врз столбовите на демократијата и Кодексот на новинари, вели Синадиновска.
Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Во овој Извештај беа опфатени темите за зависноста на медиумите од јавните пари, субвенциите од државата, саморегулацијата, платеното рекламирање, јавниот сервис, АВМУ…. Извештајот нотира дека опасноста за влијание врз уредувачката политика на медиумите сѐ уште е реалност, со оглед на фактот што изборното законодавство од 2018 предвидува дека медиумското покривање на изборните кампањи на партиите ќе се финансира од Буџетот преку пријавување на самите медиуми за следење на изборите, а потоа самите партии преку сопствени систем на преференции одредуваат каде, во кој медиум ќе ги трошат парите. Понатаму, се констатира дека не е избран нов состав на Програмскиот совет на МРТ (НРТ), ниту нов состав на Советот на Агенцијата за медиуми (АВМУ), иако обидите траат од 2018 година. Стратегија за развој на медиумскиот сектор во целина, на државно ниво, сѐ уште не постои, се вели во извршното резиме.
Од ЗНМ велат дека Извештајот за Следење на процесот на евроинтеграции: реформи во медиумскиот сектор на „Метаморфозис“ во голема мера ги потврдува и наодите на Здружението на новинарите на Македонија кои ги објави минатиот месец во годишниот Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во 2021 година. Во овој документ ЗНМ исто така констатира дека состојбата на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите и спроведувањето на постојното национално законодавство поврзано со медиумите зависи од политичката волја и во земјава е „Три чекори напред – два чекори назад“.
И покрај подобрувањето во амбиентот во кој работат новинарите во кој има поретки примери на директни притисоци во споредба со од пред неколку години, како главни проблеми кои се повторуваат во овие два документа во основа се неисполнувањето на обврските кон креирање на поволен амбиент во кој новинарите и медиумите може да работат. Овие задачи на владата и на собранието беа констатирани уште пред пет години и од страна на Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото, предводена од поранешниот европски комесар Рајнхард Прибе а за истите редовно укажуваат локалните и меѓународните организации во своите извештаи и анализи, вели Секуловски.
И Катерина Синадиновска се согласува дека Извештајот ја отсликува реалната состојба во медиумите и дава една целосна слика за проблемите на професионалното македонско новинарство, но и медиумскиот бизнис во целина.
Фокусирајќи се на клучните проблеми во обезбедувањето на квалитетно информирање на граѓаните и градењето на професионален медиумски систем, Извештајот практично дава и насоки за тоа што треба да се преземе и какви реформи и потези се неопходни.Јасното посочување и поделба на одговорностите што ги има новинарската заедница, власта преку институциите на системот и самите медиуми, како компании, во достигнувањето на овие цели е еднакво важно, вели таа.
Според ова, ќе бидат потребни уште многу напори во медиумската сфера за да се решат наталожените проблеми, дотолку повеќе што во последнава година направено е многу малку за работите да се помрднат – од хартија, во практика.