2win800x200

Екс градоначалникот Владимир Талески денеска насмеан стигна во Основиот суд во Битола на судењето за негрижа на Офицерскиот дом во Битола.Одбраната  на Талески  по втор пат побара одлагање на главното рочиште.

-Мојот клиент е животно заинтересиран оваа постапка да започне и заврши што поскоро за да ја докаже својата невиност, рече адвокатот на Талески, Драги Пажик по одлагањето на судењето.

Судењето за случајот на СЈО „Транспортер“, во кој, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се одложува поради жалба, бидејќи предметот не е во Кривичниот суд.

Судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Таа рече дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.

„Среќни, задоволни, видовте, разбравте“, со овие зборови им се обрати на новинарите, екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по одлагањето на судскиот процес во кој е обвинет за недоволна грижа за Офицерскиот дом.

И денешното рочиште во Основниот суд во Битола беше одложено зашто бранителот на Талески според Законот за кривична постапка побара рочиштето да биде тонски снимено, а во судницата немаше улови за тоа. Неговиот адвокат Драѓи Пажиќ, кој го застапува и во обвинението за „Транспортер“, изјави дека доколку расправата почне без снимање ќе се жалат до Судот за човекови права во Стразбур.

-Ова е дел од големото сценарио за рушење на државата, рече поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, по завршувањто на првото рочиште од главниот претрес за случајот Транспортер на СЈО, кое започна денеска во скопскиот Кривечен суд

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани