2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Одложено судењето на Талески за 31 јануари

Јануари 23, 2018

Судењето за случајот на СЈО „Транспортер“, во кој, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се одложува поради жалба, бидејќи предметот не е во Кривичниот суд.

Судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Таа рече дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.

 

На денешното рочиште, Кацарска го констатираше само присуството на обвинетите, нивните адвокати и претставниците на СЈО, а наредното рочиште го закажа за 31 јануари откако адвокатите на одбраната побараа попрецизно да се одреди следниот термин за обвинетите да не трошат пари за транспорт од Битола до Скопје.

Кацарска рече дека, забележала дека во врска со предметот постојано пристигнуваат нови листи на докази и поднесоци и им порача на странките во постапката дека, од овој момент нема да прифаќа нови докази и дека, Законот за кривична постапка е јасен кога листата може да биде дополнета, односно откако сите предложени докази ќе бидат исцрпени за време на главната расправа,пренесува агенцијата Мета.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани