2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Полицаецот Енвер Тоска го призна убиството на битолчанецот Бекир Алили

Март 11, 2019

Енвер Тоска 25 годишен полицаец од Битола, денеска  во прилепскиот Основен суд  го призна свирепото убиство на 36 годишниот битолчанец  Бекир Алили, што се случи лани во септември во близина на прилепското село Беловодица. Ова за апла.мк го потврди и адвокатот на Тоска, Васко Георгиев.

Судењето почна и заврши денеска, а според Георгиев, обвинетиот го признал делото поради цврстите докази на обвинителството. 

-По оцената на сите материјални докази на едно стручно изведено обвинение, немаше друга можност освен признавање на вина. Како што реков и при завршните зборови на денешното судење, обвинетиот ќе издржува две казни: едната е што ќе го мачи совеста целиот живот, а втората е затворската казна. Според казнениот законик е пропишано дека оној што ќе ја признае вината се дозволува ублажување на казната. Судот да ги цени сите околности, особено олеснителните, рече Георгиев.

Полицаецот Енвер Тоска на 14 септември 2018г , околу 16 часот и 30 минути со 4 куршуми го уби Алили  на локалниот пат кој од Плетвар води до прилепското село Боловодица, а потоа го запалил телото.  Половина час подоцна случаен минувач пријавил во полиција дека на патот гори непознато лице, по што полицијата го пронашла изгореното тело со прострелни рани. Во непосредна близина биле пронајдени траги од два автомобила  со битолски таблички, како и 4 чаури. Енвер Тоска беше приведен на 15 септември после полноќ, а и во полицска станица го признал делото и детаљно го опшал убиството.

Кажал дека по претходен договор со Бекир Алили , се сретнале на 14 септември во 14, 30 часот за да му продаде возило по цена од 3600 евра, сопственост на трето лице. Потоа се упатиле кон Беловодица каде наводно ги чекал сопственикот за Алили да го плати автомобилот. Кога стигнале пред влезот на селото, Енвер го застрелал со 4 куршуми од службениот пиштол, одзел од него ташна со 4000 евра, потоа му ставил на главата капа, го полил со бензин, го запалил и се вратил во  Битола,а по кусо време бил притворен.

Според обвинителката Мизмоза Мрмевска од ОЈО-Прилеп, обвинитеслтвото има и докази и сведоци за убиството, кое Тоска го извршил со умисла и од користољубие. Психијатриското вешатачење пак потврдило дека тој бил пресметлив кога го извршувал свирепото убиство, поради што Мрмеска побара судот да ги цени отежнувачките околности, односно дека убиецот имал намера да го прикрие убиството со тоа што го запалил телото на Алили.

Се чекува во законскиот рок од 15 дена кривичниот совет на Основниот суд во прилеп да ја донесе пресудата за свирепото убиство што го изврши 25 годишниот полицаец Енвер Тоска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани