Оваа објава што се споделува на Фејсбук шири лаги и манипулации со кои се нанесува штета врз општото јавно здравје во однос на процесот на имунизација против коронавирусот. Нашата проверка на факти покажа дека не е точно оти со воведувањето на сертификат за ковид-19 се врши присила врз луѓето да се вакцинираат против коронавирусот. Овој сертификат, кој ќе биде неопходен за патување, нема да содржи само информации за примена вакцина, туку, во случај да не сте вакцинирани, ќе содржи информации за негативен ПЦР тест или евентуално ако сте го прележале вирусот, од тест за антитела. Тоа значи дека не е неопходно да сте вакцинирани за да можете да патувате. Второ, не е вистина дека во Македонија се кријат несаканите ефекти од вакцините. Како што известуваат медиумите, пријавени несакани ефекти има и тие се претежно благи и очекувани симптоми. Смртен исход од вакцините досега не е регистриран. Трето, лага е дека откако Тексас ги укина маските, таму нема новозаболени од коронавирус. На 29 мај се регистрирани 762 нови случаи на заразени