2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И СПОРТИСТИ ЗА 2023 ГОДИНА

Април 26, 2023

Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2023 година. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и  другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:

  • да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
  • да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
  • да ја реализираат програмата за развој на спортот;
  • да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
  • да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
  • да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
  • да се грижат за унапредување на младите категори;
  • да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
  • да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;  
  • своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;

Детални информации за потребната документација за спортските клубови и спортските друженија и индивидуални спортисти се објавени на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-za-sportski-klubovi/.

Пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса: Општина Битола, Булевар 1 – ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот  до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 26.04.2023 година и трае заклучно со 10.05.2023 година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани