2win800x200

Негативното влијание на екраните врз развојот на децата (Психолог Марина Кузмановска)

Мај 11, 2023

Пишува психолог Марина Кузмановска, д-р по Педагошка и развоја психологија, Гешталт советник

 

Без сомнеж, еден од главните фактори за одредување на развојот на детските споспбности е семејството, кој пред се представува главен столб во градењето на здрава психо-физичка личност.

Квалитетот на искуствата кои детето ги стекнува во првите години од животот се од круцијална важност, бидејќи подоцна тоа се рефлектира (позитивно или негативно) низ целиот живот

Поради тоа денес сé посилни стануваат аргументите дека вложувањето во развојот на детето, особено од раѓањето до петата година, е основа за просперитетно и одржливо општество.

Тешкотиите во функционирањето на детето во неговите први години од животот што ги гледаме често се предизвикани од долготраен престој пред екраните. Долготрајно се смета сè што е подолго од половина час.

Знаеме дека децата имаат лесен пристап до екраните, сега повеќе од кога било. Во последната деценија се појави нов термин таканаречен “екранизам” кој е поврзан со негативното влијание на екраните врз мозокот, особено кај децата. Екранот е директно или индиректно поврзано со неврокогнитивниот развој на децата.

Децата кои  на околу едногодишна возраст добиле во рацете паметни телефони, таблети, лаптопи кај тие деца после две години покажуваат разорни последици – нивната мимика на лицето се  закочена, погледот насочен право, а секој обид да им се одземе апаратот од рацете завршува со негодување и агресија.

Слободно може да се каже дека говорот е поврзан со целокупниот развој на детето, а посебно со развојот на мислењето. Тоа е сложен и комплексен психофизиолошки процес кој се развива на основа на биолошките и психолошките фактори.

Говорот исто така е важен фактор за развојот на личноста и процесот на социјализација во неговиот развој.

Детето со развојот на говорот развива интелектуални вештини- кога нешто ќе каже тоа се обидува со зборови да ги изрази свиоте мисли. Така мислите кај децата стануваат се појасни. Детскиот развој напредува од “спознајно - практичо” кон “вербално - апстрактно” мислење.

Детето во својот развој побрзо го совладува надворешниот слој (звучниот говор) а постепено го разбира внатрешниот слој на говор.

Но што се случува денес, се повеќе родители се жалат дека нивното дете не проговорило иако наполнило три, четири или пет години.

На малите деца треба многу да им се зборува, да им се читаат и прераскажуваат приказни а потоа да им се каже тоа да го репродуцираат преку цртањеж како и да го вметнат во играта и игровните активности. На тој начин детето ги развива когнитивните, говорните, социјалните, емоционалните и асоцијативните делови од неговата личност.

Постојат точно одредени периоди во развојот на детето - што на когнитивен план се развива секој месец. Се знае кои способности на детето во кој месец од животот се развиваат, но тоа нема да го прават сами од себе, туку со дразби од околината.

Но, како екраните влијаат на раниот детски развој?

За малите деца, особено оние на возраст под 3 години, развојот се случува брзо. Малите деца учат така што ја истражуваат својата околина и ги гледаат и слушаат возрасните во нивните изразување и по пат на ехолалија и ехопраксија експериментираат се што е научено. Но тоа не може да се случи доколку детето прекумерно е изложено пред екранот, бидејќи екранот може да ја спречи способноста на детето да ги набљудува и искусува типичните секојдневни активности со кои треба да се занимава за да научи за светот, што може да биде штетно за целокупниот развој.

Праксата ми говори дека прекумерната изложеност пред екраните кај децата жал се повеќе остава последици и тоа  примарно влијае во говорот, кој или покасно се јавува и кога ќе се јави проследен е со мала флуентност или англискиот јазик се јавува како прв говорен јазик. Потоа силни последици остава врз концентрацијата и вниманието, побавна обработка на информации и послаба контрола на импулсите - овие ефекти се особено загрижувачки кога станува збор за децата, чиј мозок сè уште се развива.

 Во развојниот период меѓу четвртата и петтата година, кога имагинацијата и фантазијата е на високо ниво, прекумерната изложеност пред екраните може да нанесе појава на најразлични стравови, интровертност на личноста (затварање во себа), рецидив во физиолошките процеси (мокрење во кревет) и ред други негативни појави. Исто така како резултат на неограниченото време поминато пред екраните создава акумулирање на големо количество на енергија, која резултира со јавување на агресивно и деструктивно однесување во поведението кај децата.

Во развојот на секое дете, круцијална компонента е градењето на позитивната слика за себе која е клучен предуслов за самодоверба, доверба во другите, соработка, учење и животна успешност, што е исклучително важен елемент. Секако дека екранот нема да го направи тоа туку примарната улога ја земаат родителите, кои со своите позитивни примери на однесување и делување, нивните деца ќе бидат индикатори за успешност и желба за раст и развој.

Нарушување во социјалните вештини

Социјалните вештини се вештини на изразување, поврзување и соработка со врсниците и социјалната средина.

Ако малите деца поголемиот дел од времето го поминуваат ангажирајќи се со екранот, може да биде тешко да се натераат да се вклучат во социјалните активности, како што се играње со играчки за да се поттикне имагинацијата и креативност, истражување на отворено и играње со други деца за да се развијат соодветни социјални вештини.

Користењето дигитални уреди може да доведе до зголемени антисоцијални тенденции и чувства на повлекување.

 

Каде да го насочите вниманието и интересите на вашето дете во слободното време ? 

Времето поминато пред екрани на вашето дете заменете го корисно дружење и активно неформално учење, каде вниманието, концентрацијата и интересите ќе ги канализира во развој и спознавање на своите функционални знаења, креативно мислење, градење и потврдување на позитивна слика за себа, збогатување на флуентноста во говорот, социјални вештини, слобода на израз, експериментирање, толеранција и соработка, имајќи предвид дека секој е различен и таа индивидуалност треба да се прифати и почитува.

За таа цел Центарот за Психолошко советување од Битола со своето дејствување помага на младата генерација за нивниот развој. Како дел од нашите успешни активности низ годините би ги издвоиле  основање на Психолошкото катче за деца, млади и возразни РАСТЕМЕ И УЧИМЕ.

Психолог Марина Кузмановска

д-р по Педагошка и развоја психологија,

Гешталт советник

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани