2win800x200

Во конзулска Битола може да ве испрскаат со лепешки

Декември 17, 2018

Алал- Во развиените европски земји каде дупките на улиците во најкраток можен рок се санираат, тешко дека ќе ве испрска со вода возило во минување додека надвор врне.

Ј'зк -Кај нас тоа не само што е вообичаено кога врне дожд, туку уште поголем проблем е што можете да бидете испрскани и кога е суво. На пример, со лепешки од коњи.

Најопасни зони се улиците „Илинденска“, „Дебарска“, „Караорман“ каде со товарни возила често пати минуваат собирачите на стара пластика, отпадно железо и други социјални категории на граѓани. Коњите физиолошките потреби си ги вршат на улица како да се на ливада. Не ретко се случува потоа некој забрзан возач со автомобил да ги згази лепешките и со нив да испрска некој од минувачите.

Во општината веќе подолго време во сила е одлуката за комунален ред, а според член 103, на подрачјето на градот во границите на градежниот опфат се забранува чување на секаков вид ситна и крупна стока, перјеста живина и пчелни семејства. Дали дивата населба над градот е во границте на градежниот опфат, не знаеме. Таму се гради секој ден, но не по урбанистички план. Најчесто коњи одгледуваат тамошните жители кои се социјално загрозени лица и немаат пати за возила. Така, коњите и понатаму остануваат да бидат превозно средство во градот што го нарекуваме конзулски, a како да сме во 19 век. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани