АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постојано слушаме како треба позитивно да се размислува, колку ние сме ,,виновни,, за работите што ни се случуваат и како ние го креираме нашиот живот по наша мерка. Некаде прочитав - ,,наполнете го вашиот ум со позитивни мисли и се ќе почне да се менува,,. Не дека ова е погрешно, но понекогаш помислувам дека некои статуси се недоволно објаснети и може да предизвикаат поголема штета отколку корист посебно ако не затекнат во негативно расположение. Зошто? Затоа што без претходна едукација околу позитивната мисла се банализираат многу нешта. Поентата е во тоа што најчесто се вели дека не постои ,,проблем,, туку само ,,предизвик,, и важно е каков поглед имаш на тоа. Да размислиме вака - ако човекот боледува од нешто, ако изгубил некој близок, ако е загрижен за некој од семејството се поставува прашањето дали постои проблем или предизвик? Како и да го наречете ТОЈ постои, но ако го негирате и ако на сила го нарекувате ,,предизвик,, тој уште повеќе ќе расте. Да се знае дека не е до говорот до емоцијата е. За да се активира моќниот и прочуен Закон на привлекување (универзумот) треба да започнете со мислата затоа што таа е претходник на емоцијата. Без мисла нема емоција, а емоцијата во случајот е клучот. Мислата не привлекува, туку привлекува емоцијата. Познато е дека сме вибрациски суштества и дека не постојат случајности или случајни случувања. Но, постои свесност при изборите и одлуките. Така стануваме одговорни за сопствениот живот кога во свои раце ја земаме одговорноста за сопствените одлуки и постапки. А, тука влегуваат и одлуките за позитивен фокус во нашиот живот.
Ако постои проблем секогаш постои и решение. Предизвикот е дистанцата помеѓу проблемот (или ситуацијата во која што сме), а не ја сакаме и решението односно посакуваната состојба. На таа дистанца и е потребна позитивна мисла,која треба да јави позитивна емоција,верба во себе, љубов кон животот и прифаќање на сето она што неможеме да го промениме. Во тешките моменти треба да практикуваме благодарност, па така ќе се поместуваме чекор напред до крајната дестинација. Иако некогаш треба да се даде време на времето секогаш имајте во предвид дека имате право да имате позитивна емоција за себе и кога не ви е добро. Секој има своја вредност на овој свет токму таков каков што е и ниеден друг неможе да пополни нечие место на земјата!
Пишува: м-р Билјана Галовска coaching & NLP master
Предавач на Бизнис Академија Смилевски, инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.