АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За се она што како локална власт наследивме пред две години пишував минатата недела, сега мислам дека треба да се напишат неколку реда и за тоа што направивме во овие две години, се разбира со помош и на централната власт, и кои беа приоритетите во овој период.Ќе започнам со истата област во која беа можеби и најголемите финансиски проблеми.
Образование
Одблокирани 10 училишта (неколку средни и неколку основни). Потрошени блиску до 2 милиони евра, за да можат училиштата нормално да си купат креда, средства за хигиена, сунѓер, да си платат струја и комуналии, да можат да сменат сијалица или да заменат некој скршен прозорец.
Реновирани се огромен број тоалети во многу училишта, покривот во Земјоделско, спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“, во ОУ„Тодор Ангелевски“ дигитализација на наставата по одредени предмети, нови клупи и столчиња во ОУ„Гоце Делчев“, нова дограма во ОУ „Климент Охридски“, смарт табли и многу други корисни работи кои следат во наредниот период за сите ученици.
Некој знам дека ќе рече- големо чудо, ама примерот со тоа дека во тоалетот на Медицинското училиште немало врата, доволно зборува за тоа до каде биле донесени условите во битолското образование.
Обиколницата
Обиколницата околу Битола, тоа толку многу споменувано делче од регионален пат, беше 11 месеци затворено. Санирано беше свлечиштето, истата беше реконструирана со нов асфалт и исчистена. Што е најважно, уште е исчистена и така се одржува. Во тек е тендерот за поставување на звучни бариери, кога тоа ќе се заврши, ќе речеме дека проблемот е сто проценти решен и затворен.
Кога сме кај патиштата, добро е да потсетам дека во овој период реконструирани се патните правци, Битола-РЕК Битола, Битола-Бистрица-Драгош, Битола-Братиндол, Битола-Кукуречани-Лопатица, патот продолжува до Кичево, Битола-Могила и ако на тоа се додаде дека за многу скоро ќе започне и реконструкцијата на патот Кравари-Меџитлија, влезот Битола-Прилеп, како и скорото започнување на реконструкцијата на влезот од Охрид, тогаш со гордост можам да кажам дека не постои патен правец кој влегува во градот, а кој не е реконструиран или нема да е реконструиран во овој период.
Пелистер
Сите овие години сите слушаме и сакаме да зборуваме дека Пелистер треба да биде туристички центар, зимски туризам, алтернативен туризам и многу други слични оправдани битолски желби. За жал, тврдам дека, 95% од битолчани не знаат дека на Пелистер нема канализација и водата од пелистерските чешми не се пие. Каков туризам ќе развиваме без тоа?
За ПРВ ПАТ оваа година се започна со изградба на колекторскиот систем, пречистителната станица е во напредна фаза, се решава еден огромен проблем на сите нас, а неговото решавање ќе биде благодет за сите генерации. Ова е основниот предуслов за потоа да размислуваме и за повеќе гости и за поголеми сместувачки капацитети и за повеќе гости на Пелистер и во градот.
Детски градинки
Посебно сум горд на она што успеа да се направи во детските градинки и подобрувањето на услугите за нашите најмили. За две години вложени огромни парични средства за нова градинка во Кравари, опремени две нови занимални, купени нови машини за перење, готвење и клима уреди, нови играчки, нови шкафчиња, нови врати и прозорци, нов покрив на една од нив. Десетина пати повеќе отколку во изминатите десет години.
При крај се подготовките за почеток на изградба на нова современа градинка во битолската касарна, која ќе биде по најнови стандарди и за околу 250 деца, со што еден од најголемите проблеми, поврзани со сместувањето на децата ќе биде надминат.
Продолжува............
Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)