2win800x200

Соопштение од ЈП„Пазари“-Во Градскиот и Реонскиот пазар е забрането секакво влегување на возила

Март 27, 2020

Согласно мерките за превенција и спречување на ширењето на вирусот КОВИД 19, и вонредната состојба во РС Македонија, се донесува следното соопштение.

1. Се известуваат корисниците на тезги во градски, реонски пазар и магацините за овошје и зеленчук што ги снабдуваат тезгите:
- Возилата кои вршат дотур на производи за пазарот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да одат на површината кај полигонот, што се наоѓа на влезот на Битола од страна на Прилеп, кај трафостаницата за дезинфекција на возилата. Вработени од ЈП Пазари на полигонот ќе има секој работен ден, од понеделник до петок, од 06 до 14ч.
- Доколку имате потреба за пристигнување со возило надвор од наведеното време, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на тел 070-295-223.
- Во градскиот и реонскиот пазар е забрането секакво влегување на возила. Дотурот на производи да се извршува само со колички.
- Робата на тезгите, согласно пазарниот ред, по затворањето на пазарот да биде отстранета од тезгите.
2. За времето на дезинфицирање и чистење на пазарите, вработените од ЈП Пазари, додека траат мерките за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, ги известуваат тезгаџиите за времето за затварање на тезгите.

Секое не почитување на погоре наведените точки од соопштението повлекува кривична и материјална одговорност.

Битола, Управа на ЈП “Пазари”

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани