2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЈП "Пазари" со реакција на пресот на ВМРО ДПМНЕ

Март 29, 2021

На обвинувањата на партискиот  секретар  на ОК на ВМРО ДПМНЕ и поранешен советник, Никола Котовски, за злоупотреби при набавката на фотоволтаиците во ЈП "Пазари",  денеска се огласија и прозваните,   директорот Владо Атанасовски, како и Валентин Груевски, вработен во јавното претпријатие кој ја спровел јавната набавка. Реакциите ги пренесуваме интегрално.

 

Реакција на директорот Владо Атанасовски на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ

 
"Би сакал од мое лично име и од името на Јавното претпријатие Пазари да одговорам на обвинувањата кои пред два дена ги пласираше Вмро-Дпмне, преку еден нивни поранешен советник.
 
Веднаш на почетокот да ја известам јавноста дека немам намера да поднесувам никаква оставка, бидејќи набавката која ја спомнуваат на нивната прес конференциja  е чиста како солза и нема ниту едно прекршување на целокупната постапка.
 
Кој го излажал екс- советникот за така јавно да настапува, не знам и не ми е важно, она што ми е важно е да добијам јавно извинување за искажаните невистини на пресот на екс- советникот. Се разбира дека немам намера да се влечкам по судови за овој случај, ама тоа не значи дека нема да го преземам и тој чекор, ако продолжат со лагите.  
 
Ниту сум ја злоупотребил службената положба, ниту во овој случај, ниту тоа би го правел во иднина.
 
Во Пазари во овие три и пол години криминал нема, во Пазари во овие три и пол години има инвестиции, има нова енергетско-ефикасна фасада на управната зграда , имаме ново осветлување, добиваме нови павиљони, нова дограма во дуќаните, ќе имаме нов покриен дел од пазарот, ново еколошко затоплување, имаме инвестици поголеми отколку во претходните 12 години, а и и оваа година подготвуваме нови осовременувања на пазарниот простор.
 
На крајот, јавно ги повикувам сите политички партии и поединци, кои имаат нејаснотии и прашања за нашето работење да дојдат и да добијат објаснување секогаш и во секое време во Пазари, а не да се срамат пред целата јавност со своето незнаење", напиша Атанасовски
 
Реакција на Валентин Груевски
 
Како директно прозван од пресот на Вмро-Дпмне, како некој кој бил претседател на комисијата за јавни набавки која ја спровела постапката, најостро ги демантирам сите инсинуации искажани на пресот од страна на мојот поранешен колега во Советот на Општина Битола, кој најверојатно бил многу погрешно информиран и излажан од некои негови ,,пријатели“ .
1. Набавката е јавно објавена и склучена преку системот за јавни набавки на Бирото за јавни набавки. Секој кој сакал, можел да учествува на истата. Нема договор во четири очи.
2. Потпишаниот договор е на сума од 1.100.000 денари, а сумата која се спомнува на пресот, е истата сума зголемена за ДДВ.  ДДВ-то  во овој случај се враќа во касата на Пазари и не е трошок. Нема никаква злоупотреба на службена должност.
3. Објавувањето на проценетата сума во Огласот, не е задолжително, но истата се објавува во Одлуката за јавна набавка. Одлуката е јавна, се објавува во документацијата  и секој може да ја види.
4. Јавни набавки во Пазари работам 15-на години, со сите директори и во овој и во претходните мандати, и можеби поранешниот колега, ако имаше желба можеше и многу повеќе да се информира.
На крај да завршам со една реченица. Криминали, местени тендери, провизии, станови, куќи, нема и нема да има.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани