АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веќе „докториравте“ на тема ИЗВРТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА И ЛАЖНИ ВЕСТИ. Се усовршивте до тој степен што и Гебелс би бил „мало дете“ за вас. Малку, да бидам искрен, ми е чудно како некој кој има толку висок рејтинг бега од избори под параванот здравјето на граѓаните. ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД СÉ. Се согласуваме потполно. Тоа ги покажува и заложбата и методите со кои се справуваме со ситуацијата. Непријателот, против кого се бориме, е невидлив и непредвидлив. Цела светска популација е погодена од оваа ужасна ситуација. Но, ако воопшто можеме да се пофалиме во ваква ситуација, успешно се справуваме со кризата, а за тоа говорат и бројките. Не ги заплашувајте граѓаните заради вашиот страв од исходот на изборите. Изборите ќе бидат организирани само доколку стручната фела даде зелено светло и на начин кој ќе го препорачаат.
ПОТРЕБАТА ОД ИЗБОРИ
Вашиот удел во власта, господа, ја носи потребата од избори. Еднаш за секогаш да расчистиме со хилти, ендеци, патриоти и предавници, хидроцентрали и најново спотови, отсјај, ајфони и сл. Но гледајте ја светлината на другата страна од тунелот-после ова ќе мора да расчистите со криминалното минато и да се реформирате. „Здраво“ е за државата да има силна опозиција, а тоа ќе бидете уште долго време.
ЗДРАВА ДЕМОКРАТИЈА
Во едно нормално општество е и повеќе од потребно да се има критички настроена опозиција како коректив на Власта, но и конструктивна кога е потребно. Семантиката на зборот конструктивност, господа, не значи берење ситни политички поени и чист популизам (посебно во ваква ситуација), туку сосема спротивното. Во последно време, забележително е како ги цитирате великаните на Македонштината-оние џуџињата де, лустрираните. Можеби е грижа на совеста, но, не верувам. Не, господа, не се туѓи белите дворови, ваши се, платени со пари на граѓаните (ч. Белата палата). Како и да е, по изборите ќе се вратат кај вистинскиот сопственик-граѓаните (ч. конфискација).
Со почит, Димитар Пипилевски
Наставник по македонски и германски јазик
(Ставовите изнесени во текстот не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истиот)