2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Потребна ни е силна локална самоуправа (пишува Валентин Груевски)

Мај 14, 2020

 

Факт е дека на Македонија  и треба суштинска децентрализација. Ние сме една од најцентрализираните земји во Европа , особено во финансиска смисла. Реформите во локалната самоуправа се доста бавни и отсуствува храброста за реална , конкретна , практична поддршка. Централната власт како да нема доверба во локалните власти како намерно да се одолговлекуваат процесите кои се неопходни на државата.

На Македонија и е потребна силна локална самоуправа. Без тоа нема вистински развој, нема развој на демократијата, нема релаксирани меѓуетнички основи, нема квалитетен живот. Локалните претставници најдобро ги познаваат проблемите на локалните жители, затоа и што самите се дел од тие проблеми и секојдневно ги живеат.

ПОГОЛЕМИ  НАДЛЕЖНОСТИ

Минатата недела пишував за неколку работи кои би требало ги преземат општините. Денес ќе набројам и неколку други надлежности кои мислам дека треба да бидат под општинска капа. Центрите за социјална работа мора да преминат под локално ниво. Услугите за корисниците на социјалната и детската заштита треба да преминат под локална надлежност и да бидат под ингеренција на локалната власт. Зошто за добивање на помош од овие центри, дозвола треба да дава некоја комисија во главниот град, а тоа да не го прави локалната власт. Сметам дека таа и повеќе ги познава проблемите и побрзо ќе ги реши.

Службата за итна медицинска помош, дел од полициските работи од Министерството за внатрешни работи како одржувањето на јавниот ред и мир, регулирање и контрола на сообраќајот на локалните патишта и улици, возачките и сообраќајните дозволи, личните карти се работи кои мора да се децентрализираат ако сакаме да градиме  модерна европска држава.

ФИНАНСИРАЊЕ

За сите овие надлежности потребни се и повеќе пари и по обем и по структура. Општините мора да водат сопствена политика во рамките на овластувањата кои би требало да ги добијат. Деновиве се актуелни и ослободувањата кои ги најавија дел од градоначалниците за користење на комуналните такси. Не разбирливо е како локална власт да не можете да ги ослободите од плаќање корисните на јавен простор,   бидејќи законодавецот одредил таа да биди од пет до петнаесет денари, а локалната власт е таа која секојдневно комуницира со нив, треба да им ги собере парите, да ги ислуша и во најголем дел да реши од нивните проблеми.

Мора и да се размисли и за зголемувањето на зафаќањето од персоналниот данок кој доаѓа во општинската каса. 50% наспроти сегашните 3%, можеби не наеднаш, но за неколку години е границата кон која треба да се стремиме, ако сакаме , пак ќе спомнам, европска држава.

И не треба да постои страв од федерализации, кантонизации, поделби, регионализации. Пред десетина години, кога овие идеи ги пласираше Либерално-демократската партија, дел од јавноста не обвини дека овој процес ќе доведе до разнебитување на Македонија. Денес, мислам дека сите разбраа дека ова се неопходни процеси за сите нас, за подобар живот, за подобра држава. Тоа што доцниме десетина години, можеби е  само наша ,,добра“ страна.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани