2win800x200

ОТЧЕТНОСТ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОДГОВОРНОСТ (пишува Димитар Пипилевски)

Јануари 22, 2021

 

Во пресрет на локалните избори, а и пораката на Премиерот до градоначалниците, како и воведувањето мерит систем за работата на функционерите на СДСМ, изнесувам едно размислување за понатамошно делување во овој правец. Ќе се осврнам на следните локални избори, односно што сè, меѓу другото, треба да се стори за да се добие безрезервна поддршка од граѓаните на следните локални избори за кандидатите за градоначалници од СДСМ (ДПМНЕ сè уште е под капата на криминалот и не можат да бидат претставници на граѓаните).

Пред секои избори, без разлика какви,секоја партија или поединец составува своја програма која ја презентира пред граѓаните, па според тоа ја добива, или не, поддршката. Во последно време сме сведоци на нереални програми, па честопати граѓаните се разочарани од праксата ветено-неисполнето. За таа цел, потребно е програмата да соодветствува со буџетот на општината и според него да се составува. Само така програмите нема да изгледаат како сценарио на Спилберг.

Тука ќе дадам краток пример како би изгледало барањето поддршка на граѓаните, како би изгледала програмата и како ќе се претстават идните кандидати за градоначалници предложени од СДСМ.

Имено, како што истакнав во почетокот, програмата би била со реални проекти и би била поделена во четири дела (посебен дел за секоја од четирите години од мандатот).

Во годишната потпрограма би имало задолжителни проекти, кои ќе мора да се реализираат 100% и останати проекти кои ќе бидат подлежни на оценување, односно најмалку 60%. Кај секој проект во програмата задолжително би стоело место во кое граѓанинот ќе може да бележи реализација на ветениот проект.

Кандидатот за градоначалник, како и партијата би се обврзала дека доколку не е реализиран минималниот критериум 100% / 60%, ќе се организираат предвремени локални избори.

Пример:

ПРОГРАМА 2022

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРОЕКТИ

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

РЕАЛИЗАЦИЈА

Промена на дограма на ОУ „Гоце Делчев“ и асфалтирање на игралиштето во дворот на училиштето.

Април 2022

 

Целосна реконструкција на улица „Партизанска“ и поставување на подземни контејнери вдолж улицата

март 2022

x

ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

РЕАЛИЗАЦИЈА

Реконструкција на ул. „Питу Гули“

јуни 2022

x

Реконструкција на ул. „Христо Узунов“

јуни 2022

Во поглед на отчетноста, на крајот на секоја година, Градоначалникот и Советот на Општината, организираат јавна трибина на која, покрај останатите граѓани, ќе бидат повикани и сите претседатели на урбаните месни заедници, кои ќе ја оценат програмата со т.н. чек-систем.

Преодна оценка (ја користам образовната терминологија) би била стопостотна реализација на задолжителните проекти и најмалку шеесетпостотна реализација на останатите; во спротивно се организираат предвремени локални избори.

Сметам дека ова дополнително ќе ја доближи СДСМ до граѓаните и секој кој сака да води општина ќе биде под постојан мониторинг на граѓаните и на партијата која го предложила. Генералниот секретар, Љупчо Николовски, го претстави т.н. мерит-систем за оценување на функционерите, а ова би било дополнување на тој систем (се разбира ова е само мое мислење и начин).

НАПОМЕНА: ова е чисто мое размислување и сметам дека ќе биде земено предвид како некоја смерница како СДСМ би ги организирал следните локални избори.

Димитар Пипилевски

Член на СДСМ Битола

Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

      

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани