АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола
Пред неколку недели пишував за пет големи работи кои ќе ги одбие Битола во 2021 година, и тогаш ги наброив Офицерски, Стадионот, Градинката во АРМ, реконструкцијата на Спортската сала и најавената Жичарница. Денес сакам да набројам десет ,,помали“ работи кои ќе почнат да се реализираат, а голем дел и ќе се завршат во 2021 година, а тие значително ќе го подобрат живеењето во одредени делови на градот и во одредени сегменти од секојдневното живеење.
Покрај изградбата на градинката во АРМ, за која сите подготвителни работи се завршени, во Битола ќе почне да се гради и втора градинка, кај училиштето Климент Охридски со капацитет од 150 деца, за која е завршен проектот, а истата ќе ја гради Министерството за труд и социјална политика. Проблемот со листите на чекање ќе биди решен, децата ќе одат во групи со оптимален број, а со тоа ќе се подигне и квалитетот на воспитно- образовниот процес.
Ќе се изгради и дозаврши влезот во Битола, од страната на Охрид, до самиот мост, со што тој дел ќе добие и нова канализација, бидејќи битолската канализација завршува некаде околу манастирот Архангел Михаил. Битола добива современ влез, новоосветлен, а неговото започнување стартува одма после зимата.
Битола ќе добие нова пешачка зона, која ќе се протега од некогашното кино Македонија до поранешната средна Стоковна куќа. Автентична пешачка зона, која совршено ќе се вклопува во старото градско јадро, а ќе биди финансирана комплетно од Општината.
Битола добива нова модерна куглана, по најнови меѓународни стандарди, на која ќе можат да се одвиваат европски и светски натпревари. Тоа ќе биде уште едно камче во мозаикот наречен битолски спорт, инвестиција од 250.000 евра, ама парите не се најбитни, битно е што е тоа ново катче во кое спортистите ќе уживаат, онака како што заслужуваат.
Наводниците кои се употребени за нов пазар, не значи дека ќе добиеме комплетно нов пазар, туку делот пред управната зграда во Пазари, кој веќе се изработува, значи дека ќе добиеме дел по најсовремени стандарди за продавање, со нови тезги, осветлување и покрив над главата. Се работи за најголема инвестиција, направена во последните десетина години во ова јавно претпријатие.
Исто како и неколку други работи, реконструкцијата на патот кон Трново-Магарево започнува веднаш на почетокот на пролетта, и истиот ќе биди реконструиран во вкупна должина од 2,1 километар.
7.Буково
Обнова на целокупната канализација од населбата Буковски ливади до центарот на селото, и реконструкција на патот до селото. Селото добива побезбеден пристап до населбата и решена канализациона мрежа во следните децении.
8.Тодор Ангелевски
Како континуитет во реконструкцијата на спортските игралишта во градот, после Кирил и Методиј, Буковски ливади, Баир, ќе се изврши реконструкција на училишниот двор. Игралиштата се последен пат асфалтирани пред 40-на години, а сега ќе се добие и ново игралиште за тенис и за одбојка и мини фитнес дел. Едно култно место за тој дел на градот ќе добие сосема нов лик и со осветлувањето и можноста за ноќно спортување.
9. ЛЕД осветлување
Битола ќе добие комплетно ново осветлување, односно ќе се заврши замената на старите живими сијалици со нови, со кои сите ние сме побезбедни, општината заштедува од своите пари, а и животната средина ни е почиста
10. Асфалтирани улици
Десетина улици ќе добијат сосема нов лик. Покрај завршувањето на Илинденска, Партизанска, Асном, Борис Кидриќ (Димитар Илиевски Мурато) ќе се асфалтираат Тошо Даскало, Херцеговина, Смилевски конгрес, а ќе се уреди и 16-та.
Многу работа во 2021, многу нови нешта и уште многу други изненадувања за подобар живот на сите нас.
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)