2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Невистина или лошо пренесена вистина (пишува Зоран Николовски)

Мај 17, 2021

“Луѓе се многу, а човекот е реткост. “

(Фјодор М. Достоевски)

Кога македонскиот репрезентативец учествувал на некој меѓународен натпревар, од тројца натпреварувачи го освоил второто место, т.е. сребрен медал...

Еве како тој настан го опишал новинарот бр.1:

  • “Драги гледачи, конечно, нашиот репрезентзтивец го освои високото второ место. Овој момент го чекавме со години наназад ! Ете, и тоа се случи, не ми се верува. Радувај се Македонијо и гордеј се на своите синови !”.

А еве како (истиот настан) го опишал новинарот бр.2:

  • “Драги гледачи, повторно истата слика, повторно истото разочарување. Нашиот репрезентативец е претпоследен, повторно при дното на табелата. Јас не знам што треба да се случи за и ние конечно да се израдуваме, и да се пробиеме при врвот ?”

И едниот и другиот новинар, н'е не лажат. И двајцата ја кажуваат вистината. Немаат кабает луѓето. А вистината, таа е секогаш една и единствена. Таа има само едно лице, не е дволична. Но, разликата е во тоа кој, како сака да ја претстави, како сака да ја интерпретира вистината. С'е зависи од перцепцијата. Е, тука има два начини, два патишта. Две сорти на луѓе. Како двајцата новинари. Прашањето е кој пат ќе го одбереме, на која сорта ќе им се приклучиме – на првата или на втората. Патот во животот, сами го одбираме, без ничија сугестија. Изборот на патот е личен и длабоко интимен чин. Едниот пат е позитивен и конструктивен, другиот, негативен и деструктивен. Првиот е филантроп, вториот мизантроп. Едниот гради, другиот урива. На првиот (можеби) му недостига искуство, на вториот му недостига љубов. Но, искуството (со време) се стекнува, и затоа првиот е во поповолна ситуација. Вториот, на кој му недостига љубов, тој секогаш ќе биде негатор, бидејќи мисли оти “НЕ”, има поголема специфична тежина од “ДА”. И затоа тој секогаш лошо ќе ја интерпретира вистината. Комплексот од недостаток на љубов е чудна појава. Никој не го опишал, па не верувам дека и јас ќе успејам.

Но, сето тоа е во природата на човекот. Сите наши постапки, се запишани некаде “горе”, на “трите вечери”. Судбината е во карактерот на човекот. Затоа никому, не можеме да му замериме, или да му се налутиме. Едни се едно, други се друго...

Па, затоа се разликуваме, за да не бидеме исти !

Пишува Зоран Николовски,Дипл. Инг. Арх.

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани