2win800x200

Предизборно-што е она што граѓаните ќе сакаат да го слушнат (пишува Валентин Груевски)

Јуни 17, 2021

 

ПРЕДИЗБОРНИ ТЕМИ

                И оваа година, во Македонија е предизборна и во неа општините ќе ги добијат своите нови градоначалници, или пак старите но со нов мандат, ќе се изберат новите советници, ќе се пробуди еден нов елан за подобар живот, за подобра иднина, кај поголем дел од граѓаните ќе се пробуди надежта за подобро утре, а еден мал дел повторно како и многу години наназад, ќе се тотално незаинтересирани за политичките случувања.

                За моите предвидувања од исходот, пишував неколку пати, а во оваа прилика ќе повторам многу накратко, барем она што го очекувам за Битола. Градоначалник во втор круг, со многу помалку гласови отколку минатиот пат и мнозинство во Совет, составено од најмалку три листи, за чие создавање ќе биде потребно многу прагматизам, политички сенс и чувство за политичкиот момент во кој ќе се конституира.

              ШТО ЌЕ ВРВИ

                Како тема на овие избори и што е она што граѓаните ќе сакаат да го слушнат. Времето на големи ветувања е поминато и големите теми не се веќе во игра. Национализам, предавства, шовинизам, големи држави, сите ќе одговарате, сите ќе ве затвориме, ќе лежите... ниту некој го интересира, ниту пак ќе го натера да гласа на локалните избори. Тие теми се одамна поминати и тие не можат да мобилизираат гласачи. И големите економски теми веќе не врват. Ваучери за сите, ќе ја стигнеме Германија, плата како во Канада, стандард како во Шведска. Поминато.

                Екологијата, заштита на животната средина, казнување на загадувачите се дел од темите кои ќе бидат на врвот на гласачите и тука ќе треба да има соодветна понуда. Ако во минатото овие теми беа маргинализирани, сега веќе се издигнуваат високо на политичката агенда. Изборите во неколку држави како Германија и Хрватска покажаа дека партиите кои ги преферираат овие теми, постигнаа многу добри, односно најдобри резултати од нивното формирање.

                А ШТО СЕ НАДОВРЗУВА ?

                Тесно поврзано со оваа тема е градската хигиена, градското зеленило и парковите. Тоа се теми кои станаа актуелни во последните години, а  секогаш постои место за нивно подобрување. Тоа е тема која не може да се заврши и тоа е област која постојано може да се подобрува. Ако на ова ја надоврзете темата со велосипедските патеки и  пешачките зони, разбирате дека граѓаните сакаат  простор во кој ќе најдат малку мир после работните обврски.

                Локалната инфраструктура, подобрувањето на условите во училиштата и градинките, сообраќајните решенија  и подобри услови за бизнис се исто така области во кои треба да се понудат, ама и да се реализираат подобрувања. Во овие пет-шест теми, пак ќе нагласам според мое мислење, ќе се кршат копјата, а другото ќе биди второстепено и небитно. Тие што најдобро ќе ги доближат овие теми до граѓаните, можат да се надеваат на успех, а тие што ќе го спасуваат светот и државата ќе ги изгубат изборите.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола, член на  Либерално-демократската партија  

               

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани