2win800x200

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на Спомен-обележје за депортираните Битолски Евреи за време на Втората светска војна.

Според проектот, Спомен обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола каде ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град.

Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање Спомен обележје на Еврејските гробишта во Битола е согласно законот за меморијални споменици и спомен обележја и согласно насоките од Управата за заштита на културното наследство. Целта на иницијативата е подигање на спомен облежје со трајна културна, историска и меморијална вредност, во чест на сеќавање на битолската еврејска заедница и нејзините сограѓни кои ги изгубија своите животи во Холокаустот, како и зачувување на споменот на заедницата што дала значаен придонес во развојот на градот Битола.

Како што е познато, на 11. март 1943 година од Битола во логорот на смртта во Треблинка беа депортирани 3.276 битолски Евреи.

Мордехај Нахмијас бил истакнат партизан, познат по прецизниот истрел, кој за жал не го спасил од смртта на два месеца пред ослободувањето, загинал заедно со својата сограѓанка, Естреја Овадија-Мара на Кајмакчалан.

Борис и Васка Алтипармак се запишани на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем, Израел, кој е меморијален центар за Евреите погубени во Холокаустот. Тоа се битолчани кои во виорот на Втората светска војна успеале да спасат четворица млади Евреи од депортација во логорите во Полска. Од благодарност кон нивната хуманост, Израел пред 28 години им ја додели титулата „Праведни меѓу народите“, медали и сертификат на честа.

Последното родено Еврејче во Македонија пред самата депортација кое го преживеало Холокаусотот, денес познат уметник низ светот, Мати Грумберг проектираше сончев часовник, голема скулптура која ќе ги краси Еврејските гробишта во Битола. Скулптурата која е донација од Израел, по проектот на Грумберг ја изработи фимрата „Пет Битола“ и се наоѓа во нивниот двор после Светонеделските гробишта, а наскоро се очекува да биде поставена во центaрот на Еврејските гробишта.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани