2win800x200

ЈП „Стрежево“-Битола ги презема сите мерки за заштита од корана вирусот..  

Согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19, Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот.
Координативниот тим, формиран од страна на директорот на претпријатието Менде Граматковски ги реализира следните активности:

стрежево 14
- Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието (ќе се повторува и во иднина, по потреба).
- Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
- Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
- Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици.
- Средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории.
- На огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.
- Ослободени се од работни обврски вработени заради обезбедување грижа за своите деца до 10 години.
- Ослободени се хронично болните од сите работни активности.
- Направена е дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за нормално функционирање на претпријатието во вакви услови.
ЈП "Стрежево" - Битола ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт или информација од претпријатието тоа да го сторат на контакт телефонот 047/207-800 од 07:30 до 15:30 часот.
Апелираме до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.

стрежево 13

стрежево 12

стрежево

  По повод одбележувањето на 8-ми Март- Меѓународниот ден на жената, Јавното претпријатие „Стрежево“ упатува честитка до сите припаднички на понежниот пол, оддавајќи почит и признание на вековната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност, ценејќи го трудот на жените и нивниот придонес во изградбата на нашето општество и почитувајќи ја нејзината улога  во изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани. 

Јавното претпријатие „Стрежево“ и покрај крајно неповолната хидролошка состојба, веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола" и ЈКП “Водовод", беше посочено на денешната средба на директорот на „Стрежево“ Менде Граматковски со директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски.

„Потребните дванаесет милиони метри кубни вода се обезбедени во целост. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен“, рече Граматковски.

На средбата беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка.

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, ЈП „Стрежево“ до верниците од православната вероисповед упатува честитка со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани