2win800x200

Биомасата и нејзината искористеност за загревање  повторно ги седна на заедничка маса пограничните општини Новаци од македонска страна и Аминдео од грчка.

Во Младинскиот културен центар во Новаци се одржа  состанок помеѓу претставници на општина Новаци, АПРЗ и грчките партнери ДЕТЕПА, КРЕС и КЛУБЕ во рамките на проектот Agrowchain - „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини“.

Проектот трае 24 месеци, започна во јуни годинава, а денеска  беше третата сесија на партнерите во проектот .

-Ние како општина сме партнер во проектот, се работи за вкупни финансии од 216 илјади евра кои со овој проект треба да се искористат за набавка на механизација. Со таа механизација ние ќе собираме биомаса која подоцна ќе ја користиме за загревање на парен котел и затоплување на градинката во Новаци. Сега правиме анализи и анкети со земјоделците дали се подготвени еден дел од отпадот да го отстапат за биомаса.  Веќе распишавме тендер за набавка на трактор со приколка, потоа приклучни машини , котелот за затопливање и балирачката, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.

Одводните канали во Пелагониското поле во делот на Општина Новаци се чистат  пред есенските дождови. Денеска механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ чистеше на потегот кај селото Рибарци, а екипи од претпријатието повеќе од 30 дена е во атарот на Општина Новаци.

Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани, рече  градоначалникот Љубе Кузмановски на отчетот што денеска го даде пред граѓаните за една година  раководење со пелагониската општина Новаци.

Градоначалниците на општините Новаци и Могила, Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска се во работна посета во градот Ајдин во Република Турција. Официјалната посета се реализира на покана на градоначалничката на градот Ајдин, Озлем Черчиоглу и претседателот на Здружението на иселениците од Македонија во Турција, Тургут Ѓулмуш. 

Во рамките на посетата, градоначалниците Кузманоски и Гулевска остварија средби со градоначалници од општини кои се во состав на градот Ајдин, на кои што средби беше договорена заедничка меѓуопштинска соработка во повеќе сфери како и збратимување на македонските со турските општини. 

Со европски пари уреден е рекреативен парк крај мариовската река Коњарка, во близина на новачкото село Скочивир. Преку проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција насловен како „Жива природа, жива историја 2“ беа доделени 80 000 евра за да се уреди едно од омилените место за рекреација во општина Новаци.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани