2win800x200

Локалната власт од Битола одлучи да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз што ги имаше потпишано со превозници од Битола. Значи превозниците ќе возат уште три месеци по старите договори додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.

Капиталните нвестиции секогаш треба да се зтаворат со комплетна проектна документација, а поради тоа голем дел од средсвата за ребаланс на Буџетото на Општина Битола се пренасочуваат за изготвување проекти, рече градоначалничката Наташа Петровска, на денешната седнца на општинскиот Совет, каде на дневен ред се најде ребалансот на Буџетот за 2018 година.

-Ќе започнам со реконструирање на Офицерски дом, меѓутоа на законит и легален начин, со правна процедура, која што ако  некој претходно  ја направеше, сега ќе имавме реконструктивни зафати, рече градоначалничката.

 Петровска посочи и низа други обврски за кои во минатото не било соодветно постапувано, што  се одразува на брзината на работата на сегашната локална самоуправа.

- Сакам да знаете дека, старото градско јадро е наследено со опфат кој диктира што и да сакате да преземете треба да имате конзерваторско одобрение пред да премините на терен. Она што го направи оваа локална власт во соработка со централната власт и нашите пратеници, постапката за опфатот на старо градско јадро да биде во собраниска процедура, со што опфатот на ова јадро ќе биде намален, а Општина Битола, ќе биде растоварена во хартиената процедура кој што некој друг ја наметнал, додаде Петровска и рече дека оваа локална Власт добила поддршка од Централната како никогаш досега.

-За првпат добивме 2 милиони денари за Битолско културно лето, 9,3 милиони денари за Офицерски дом, од Министерство за животна средина има 3,5 милиони денари за колекторски систем на Пелистер, 3,5 милиони евра за излозите во стара чаршија од Министерство за економија, 2,5 милиони денари за Декадата на ромите, 2,2 милони денари за изработка на ДУП за Долно Оризари, Дихово, Нижополе. Кога станува збор за трансферите од Влада, напоменувам дека се зголемени дотациите за образование, социјала, детска заштита за 10 милиони денари. Истот така, 25 милиони денари беа обезбедени за влезот од страната на Прилеп, се најде решение за обиколницата, изграден е патот Битола-Новаци и се реконструира железничката пруга Битола-Кременица, со што се потврдува дека централната Власт серизоно гледа на оваа Општина. Тоа е промена која треба да ги радува битолчани, додаде Петровска.

Најави сообраќаен план, со кој ќе се решава хаосот во централното градско јадро, што е предвидено и со ребалансот на буџетот. 

-Ветив дека ќе има друг сообраќаен режим, но не можам да работам со застарена студија и добив сугестии од надлежни инстанци, дека е потребно рефреширање на податоците околу циркулацијата на сообраќајот и токму затоа ребалансот на буџетот се однесува на изготвување на сообраќаен план за центраното градско подрачје, затоа што тоа е местото каде сообраќајот е најгуст. После тоа можат да се прават потези кои ќе направат поместување во средување на сообраќајот, рече Петровска.

Со ребалансот на Буџетот пренаосчени се средства кои наместо за набавка на опрема во општинската зграда, ќе бидат пренаменети за опремување на нова занимална во градинките, со што се намалуваат листите на чекање, а за проектот за гасификација, рече дела  е поврзан со усогласувањето на проектот за топлификација, односно одолговлекувањето на истиот е последица на наследени состојби за кои сега активностите мора да се синхронизираат со цел општината да не плаќа казнени пенали.

Петровска потсети и на низа претходни пропусти во превозот, како што се: непостоењето на меѓуопштински превоз помеѓу општините Битола и Могила, но и меѓу други општини, па граѓаните се возеле со училишниот превоз што било спротивно на тогашниот Закон.

-Ученицте се возеле без склучени догвори, и за доа постојат докази. Тоа е казниво со Закон и да не не чуди што за тоа се водат судски спорови, рече градоначалничката Петровска.

Сите овие недостатоци сега се надминуваат, а во интерес на учениците, општината презема конкретни мерки кои имаат за цел да спречат евентуални последици, кои би ги попречиле учениците да стигнат до училиште.

-Зборувате за автобусите кои ги гледате тука. Јас никогаш не реков дека тоа се автобусите кои се ветени во програмата, како што некој тоа сакаше да го прикаже. Но, немам намера да ги оставам учениците, затоа што не знам во која насока можат да се движат работите. Согласно целосно пропишани законски одредби, со спроведена процедура, овие автобуси се пренесени на користење на Општина Битола, со обезбедени сообраќајни дозволи, се само превозни средства кои што треба да овозможат, да немаме ситуации кои што ги имавме во еден понеделник. Јас знам што се еколошки автобуси и работам во таа насока, а тоа ќе го кажам тогаш кога ќе имаме завршница, рече Петровска,

-За 12 месеци не се решаваат капитални проекти, туку има фази од капитални проекти кои што се во изведба, а 4 годишниот мандат е токму за тоа, додаде Петровска

 

 

 

 

Во рамките на проектот за граѓанско учество поддржан од УСАИД „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“, Младинскиот културен центар од Битола и Општина Битола, го промовираа Советот за волонтерство.

Спортски реквизити донираше денеска локалната самоуправа за средните училишта во Општина Битола. Обезбедени се по 10 000 денари, така што за шесте средни училишта во Битола беа набавени топки за сите спортови, според потребата за изведување екипна настава по кошарка, ракомет, одбојка и фудбал.

„Завршивме со неколку реконструктивни зафати во училиштата во Општина Битола, во вредност од над 380 000 денари и во таа насока ќе продолжиме и следниот период. Она што е исклучително значајно, покрај реконструктивните зафати, е збогатувањето на нагледните средства во училиштата. Денес сме овде да промовираме опрема, обезбедени се по 10 000 денари за секое средно училиште, исклучиво за намена на спортски реквизити и овозможување на јакнење на спортскиот дух кај младата популација. Како локална самоуправа, овозможивме и во ОУ Ѓорѓи Сугарев да имаме спортски активности на децата кои досега беа инклузивно невклучени во спортските активности, односно децата кои што имаат посебни потреби. Исто така, најавувам дека во следниот период ќе следува парична активност во функција на јакнење на спортските капацитети во основните училишта. Имајќи ја предвид, финансиската состојба на нашите училишта, ова е единствениот начин како би можеле да ја зголемуваме и подигнуваме кондицијата и атмосферата за што поблагопријатна атмосфера на учениците во Општина Битола“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од општинскиот сојуз на училишни спортови, изразија голема благодарност за денешната донација од Општина Битола, која ќе овозможи и учество на учениците на натпревари во сите спортови.

„Морам да потенцирам дека за првпат од Општина Битола се прави ваков вид на набавка на опрема и значајно е за подготвување на екипите за претстојните натпревари и одржување на натпреварите во сите спортови“, изјави Михајло Трампевски , претседател на ОСУС – Битола. 

Oд вкупните расходи 48 проценти, од буџетот  одат во капитални инвестиции рече градоначалничката Наташа Петровска  на седницата на Совет каде требаше да се расправа за кварталниот извештај од реализацијата на буџетот на Општина Битола. Опозијата , пак, ја обвини дека предложила  буџет  во износ од 28,6 милиони евра, со што влегува во историјата на Битола со најголем буџет досега,

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани