2win800x200

Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа,  сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан, информираат од Општина Битола.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари - Карамани.

За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите, велат од општината.

Продолжува обележувањето на  пешачките премини во Битола, со неколку екипи на терен.  Денеска се работи  на улицата „Партизанска“, а според динамиката на терен, ќе се продолжи и во останатите делови од градот.

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

zebra 2

zebra 3

Влезовите, односно излезите од  Битола, критичните сообраќајни точки и локации кои во изминатиот период се покажале како критични места за кражби да бидат покриени со видео надзор. За ова при денешната посета на Битола разговараа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Проектот „Безбеден град“ во наредниот период треба да го реалзира локалната самоуправа во соработка со битолската полиција.

 По извршените подготовки во изминатите денови, започна асфалтирањето на потегот од кружниот тек кај Лук Оил на излезот од Битола кон Ресен, до влезот во селото Братиндол, во должина од 3 километри. Директорот на Македонија пат подружница Битола Беким Мемети истакна дека оваа активност во вредност од 15 милиони денари, го надминува проблемот со пропаднатиот асфалт на самиот кружен тек, кој со години наназад ја загрозуваше безбедноста на возачите, а истовремено оставаше лоша слика за самиот влез во градот од страната кон Ресен, соопштија од Општина Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани