2win800x200

Божиќ е празникот на љубовта и мирот, денот кога се слави Христовото раѓање. Божиќ е голем празник за семејството, да се обноват старите традиции, а и да се потсетиме на вистинските вредности, да заборавиме на лошото и да научиме да простуваме и го отвориме срцето за другите. Oва се денови за мир во срцето и радост во душата.

Ви посакувам среќни и весели Божиќни празници!

Христос се роди!

Со почит,
Јасмина Гулевска
градоначалник на Општина Могила

 
 
 
 

Општина Могила во 2019 година инвестираше во подобрување на условите за настава во основните училишта.

Основните училишта во Добрушево, Ношпал, Радобор и Чарлија се комплетно реновирани со што им обезбедивме подобри услови за поквалитетна настава на учениците, вели градоначалничката Јасмина Гулевска.

81205182 2672515919501907 6607569067614142464 o

81110007 2672515856168580 3371018718510317568 o

80881213 2672516012835231 2108911895334354944 o

80389870 2672516089501890 1880221877712977920 n

81217238 2672516186168547 4397727004191883264 o

Градоначалничкта на Општина Могила Јасмина Гулевска потпиша договор со Швајцарската агенција за развој и соработка за грант од 62 илјади швајцарски франци. Од грантот 50 илјади франци ќе бидат искористени за реконструкција на ОУ"Браќа Миладиновци" во село Мусинци и набавка на комби возило за превоз на ученици. Со ова Општината продолжува да наоѓа начини за реконструкција на училиштата во наслебите во Могила. Недомана со донација од Бугарија беа реновирани училиштето вo село Чарлија и спортската сала во Бач.

Останатите 12.000 франци ќе бидат наменети за зголемување на транспарентноста на Советот на Општина Могила како и учеството на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците на Општина Могила ќе добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети. Тоа ќе значи и имплементација на иновативни ИТ решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на Општината.

Ж.З. 

Прочистувачи на воздух добија  основните училишта во населените места Могила и Ивањевци, велат од Општина Могила.
Основното училиште „Гоце Делчев” - Могила доби 3 прочистувачи на воздух, а еден прочистувач е за училиштето „Кочо Рацин” во Ивањевци.

-Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против аерозагадувањето, велат од Општина Могила.

 
 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани