2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Денеска (08.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи од кои (48-Прилеп,по 19-Битола и Ресен,15- Демир Хисар и 3- Македонски Брод. Од вкупно 105 возачи ,67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Битола

 

На 03.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Б.А.(62) од с.Крклино,битолско. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023. Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Б.А ќе следува соодветна кривична пријава.

На подрачјето на Битола за периодот од првите два месеца оваа година по член 236 „тешка кражба“ од КЗ на подрачје на Битола поднесени се вкупно 38 кривични пријави против 17 сторители.

Најчесто пријавените тешки кражби се извршени во визби, помошни простории, магацини и подруми...

Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршени биле 6 претреси во домови и други простории, при што лишени од слобода и приведени во полициска станица биле 7 лица. Кај нив се пронајдени и одземени разни украдени предмети и вратени се на сопствениците, соопштија од СВР Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани