Известување до јавноста
СВР Битола ги известува граѓаните на Битола дека, на (03.09.2023),недела во времето од 07.00-13.00 часотво Битола ќе се одржи спортската манифестација "ТРЧАЈ БЕ" ,поради што СВР Битола ќе воведи посебен режим на сообраќај и тоа на следните релации:
Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“
– Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска до ул. „Широк Сокак“ .
Се замолуваат граѓаните на Општина Битола да ги почитуваат насоките кои ги даваат полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот и манифестацијата.