2win800x200

На овие локални избори паднаа и бастионите на ВМРО-ДПМНЕ во руралните средини, односно селата во кои оваа партија, традиционално книжеше гласови на свое конто. Очигледно не помогнаа и милионските суми за субвенции за земјоделците,со кои  во изминатите години се фалеше Владата на Груевски  и каде партијата ги имаше своите најголеми поддржувачи.

Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на  локалните избори  во неделата.

-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.   

Разликата од речиси 14 илјади гласови меѓу кандидатите за градоначалник на Битола, Наташа Петровска од СДСМ и Зоран Илиоски, од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека битолчани избраа живот во Битола и ги казнија погрешните политики на досегашната локална власт, рече Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ на денешната прес конференција

СДСМ и коалицијата-17 советнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ -11, „Поинаку“ -2 советника, и коалицијата на Албанците „За Битола“ -1 советник, ваква е сликата од вчерашното гласање на шестите по ред локални избори во Битола за новиот состав на Советот на Општина Битола.  

Битолчани избраа живот во Битола за сите, порача пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски. Тој ги соопшти податоците од аналитичкиот центар на партијата , па од обработени 75 проценти на податоци од избирачките места рече дека водството на Наташа Петровска е убедливо. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани