2win800x200

Членовите на планинарската  еко група „Турни ме да кинисам“ од Битола, го искористија убавиот сончев неделен ден да се искачат преку Маловиште, до црквата „Свети Спас“ и врвот Вртешка на Пелистер.  Уживаа во чистиот воздух, длабокиот снег  и од таму ја донесоа оваа прекрасна панорама од планинскиот убавец.

-На Пелистер, нашето најголемо природно богатство,   има забава, чист пелистерски воздух, здраво тело. Сите упорно одат на кафе на Широк Сокак, а ние предлагаме дневна доза пелистерска убавина, велат од планинарската еко група „Турни ме да кинисам“’. 
Уживајте во 5 минутното видео на Сашо Попоски од  „Турни ме да кинисам“

Група битолски планинари ветерани, некои во деветтата деценија од животот, пеш се качуваа до Копанки зашто не работеше жичницата, а горе свртија мазник со паричка на 1.500 метри надморска височина.

Чуварската служба на Наационалниот парк "Пелистер" денеска изврши прихрана на животните и птиците, кои во услови на сурова зима и дебела снежна покривка, тешко наоѓаат храна.
Новите снежни врнежи ја направија оваа потреба ургентна, па во текот на денешниот снежен ден беа распоредени храна и минерални соли во пределот на стопанската единица Пелистер, над селата Цапари и Нижополе, како и во стопанските едеиници Вртушка (Маловиште) и на Преспанската страна на на НП Пелистер, во стопанската единица Брајчино, над село Брајчино.
 
Вкупно беа распоредени 80 кг сол, 100 кг пченица, 50 кг пченка, 7 пакети со минерали и 35 бали со сено.
 
FB IMG 1547042322459
FB IMG 1547042312576
 FB IMG 1547042344171
 
FB IMG 1547042348748

Кога снежната покривка на Пелистер достигнува и до еден метар, прихраната е  добредојдена за дивечот. Фотографите  од овие срни на хранилишта е направена денеска со системот за мониторинг на крупниот дивечот во Националниот парк "Пелистер" каде во ноемви минатата година се поставени 10 фото замки на повеќе локации.

Овој викенд ски центарот Вигла во Леринско, Грција, остана без македонски скијачи. Љубителите на зимските спортови од југозападниот дел на земјава, кои беа редовни гости таму зашто на нашите ски терени немаше снег, овој пат останаа да скијат на Пелистер. Снегот кој наврна деновиве создавајќи снежна покривка од педесет сантиметри, подготвеноста на ски центрите во Нижеполе и Копанки, како и трипати поевтиниот дневен билет од оној во Грција, ги вратија туристите дома.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани