2win800x200

Учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, заедно со своите ментори,  предновогодишно подготвија настан насловен „Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста“. Познатите хитови на легендарната музичка група Queen беа интерпретирани од ученици на ова средно училиште под ментортсто на професорот по музичко образование Христијан Петковиќ. Во духот на новогодишната атмосфера, овој настан имаше хуманитарен карактер, а учениците од Еко клубот при СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под раководство и организација на професорката Драгица Здравковска, реализираа хуманитарна акција за детски играчки и материјални средства кои беа донирани во Заводот за рехабилитација на  слух и говор  во Битола.

 

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

Автобусите на ЈСП Скопје кои беа дадени на припомош во Општина Битола за школскиот превоз, денеска се вклучуваат во сообраќај. Така еден автобус ќе вози за попладневната смена од Ношпал –Новаци кон Битола.  Два автобуси ќе бидат вклучени вечерва од 19 и 45 минути и тоа  една линија кон Бучин и другиот автобус ќе вози кон  Могила и Радобор.

Од Општина Битола информираат дека ова е преземно со цел да им се излезе во пресрет на учениците да не губат настава, бидејќи во вечерните термини нема соодветен општински линиски превоз.   

-Користењето на автобусите е решение кое се употребува како привремена мерка, додека не заврши постапката за преговарање со превозниците, која е во тек.Општина Битола има сопствен тендер за нафта и течни горива.Со самата регистрација на возилата и поминат технички преглед, автобусите добиле дозвола за сообраќање.

По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М., со кој учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз, Општина Битола е во постапка на изнаоѓање начини за надминување  на негативните состојби со превозот на ученици, стои во информацијата од општина Битола.

„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.

Во текот на денот група ученици се собраа пред Општина Битола, протестирајќи по однос на состојбите со превозот. Градоначалничката на Општина Битола ги покани децата во општината, при што им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има. На оваа средба, таа исто така им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со кои што се соочува Општина Битола во моментов и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието, односно на штета на условите во кои децата. Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците, не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа.

Ваквото обраќање на градоначалничката наиде на разбирање кај учениците и во коректна атмосфера се договорија на взаемо решавање на проблемот и натамошна координација. При тоа таа ги замоли да не бидат инструментализирани од одредени поединци и структури кои што криејќи се зад наводен интерес за решавање на проблемот со превозот, сакаат да остварат лични и политички поени.

На средбата присуствуваа и директори на дел од училиштата, кои дополнително дадоа објаснувања за натамошните чекори кон изнаоѓање решение на овој проблем.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани