
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Здружението за македонско – германско пријателство и соработка од Битола по повод 25 годишнината од постоењето организира работилница на тема: Umweltbewusstsein/Еколошка свест. Претседателката д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните ученици и професори. Во работилницата учествуваа 33 ученици од 4 основни училишта ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ„Коле Канински'' и ОУ „Гоце Делчев“.
Сите ученици истражуваа по менторство на нивните професорки по германски јазик Билјана Митковска, м-р Симона Монавчева, м-р Елена Петков и Елена Милевска. Презентациите на тема еколошка свест, сортирање на отпад, собирање на отпад, горење на отпад, рециклирање, foodsharing ( споделување храна), собирање на пластика итн. При изработка на презентациите професорите по германски јазик и нивните ученици изработија работни листови кои ќе се стават во работна тетратка од која ќе можат да учат и други ученици кои го изучуваат германскиот јазик во основните училишта. Учениците и нивните професори добија соодветна награда од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола за активното учество во овој проект.
Синоќа РАСЧЕКОР прослави 30 години од своето постоење.
Пожарот во планинарскиот дом Ловечка куќа на Пелистер во полиција е пријавен вчера на 25 ноември, ден откако веста за пожарот се најде во голем број медиуми. Извршен е увид од СВР Битола, а известен е и јавен обвинител. Информацијата е објавена во денешниот билтен на МВР каде пишува
Денеска (26.11.2021) во временскиот период од 08.00-14.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
Во рамките на проектот “Институционализирање на квалитетни сервиси за жени жртви на семејно насилство” со поддршка од Националната мрежа против насилство на жените и семејно насилство поддржан од Австриската агенција за развој ( АДА) во реализација на ГО ,,КЛЕА ,во хотел ,,Кристал одржа работилница за презентација на наодите,заклучоците и препораките на жртвите за семејно насилство во Општина Прилеп.
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес 26.11.2021 год. (петок) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.