АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членови на Здружението на пензионери од Битола 21 март, Денот на пролетта, го одбележаа со еколошка акција чистејќи неколку локации низ градот. Тие од уличен смет го исчистија просторот околу Основното училиште ,,Климент Охридски“, улиците „Игњат Атанасовски“ ,„ЈНА“ , „Смилевски конгрес“, чистеа во Буковска населба, околу Безистенот и други места.
„Се надевеме дека ваквиот пример ќе го следат и други граѓани на Битола за заедно да придонесме за почист градот“, рекоа од Здружението
Здружението за пензионери во својата програма за работа има планирано активности за заштита на човековата околина и унапредување на животната средина.
ПРЕД
ПОТОА