
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Викторија Христовска на денешната седница изнесе сет мерки за помош на бизнис заедницата во тешката ситуација со ковид-19, за кои рече дека и претходно ги предлагале како советници од опозицијата, но се немало слух, па време е да се стават во функција.
„Намалување на данокот на имот до законскиот минимум, намалување на данокот на пренос на промет на недвижнини од 3 на 2 проценти, што е и законски минимум. Предлагаме намалување на комуналната такса, односно фирмарината да биде на законскиот минимум, знаејќи дека е за сите објекти и дека таму се правеа законски измени, веќе е време да се имплементира. Ослободување од надоместокот за поставување на урбана опрема од 1.1.2020 до 31.12 2020 и ослободување на хотелиерите од плаќање на туристичка такса во истиот период и така знаеме дека туристичката сезона беше крахирана и ова е со цел да им се помогне на хотелиерите“, рече советничката Христовска.
Претседателот на Советот Валентин Груевски одговори дека пакет економски меркии и тоа како се потребни во овој период, но дел се содржани во четвртиот сет на мерки од Владата, а некои донесени и претходно од Советот на Општина Битола.
„Намалување на данокот на имот на минимум, тој данок во Општина Битола е на минимум и не може да оди подолу. Законски е од од 0,1 до 0,3 проценти, Општина Битола во 2005 година кога претседател на Советот беше Зоран Коњановски висината на стапката ја утврди на 0,1 процент, не може помалку. Во однос на преносот на недвижности од 3 на 2 проценти, се работи за променлива категорија во која наследниците од прв ред не плаќаат ваков данок, а наследниците од втор ред го плаќаат минимумот од 2 проценти оти минимумот е од 2 до 4 и од трет ред е три проценти. За комуналната такса како Совет донесовме одлука со која таа е сведена на законскиот минимум 5 денари од метар квадратен и не можеме да одиме подолу, а има важност до 15 ноември. Потоа субјектите ќе поднесуваат посебни елеборати за зимската сезона, а ние имаме можност за следниот период од 6 месеци да ја продолжиме одлуката. Хотелиерите, пак, плаќаат такса само ако имаат гости, ако немаат не“, рече Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ од денес Општинскиот изборен штаб го става во целосна функција на граѓаните за побрзо справување со последиците од заболувањето предизвикано од вирусот COVID-19.
„Бидејќи сите превземени активности треба да имаат институционален и професионален пристап нашите ресурси ги ставаме на располагање на надлежните институции. За таа цел после повикот до нашите членови и симпатизери денес во рок од еден час се пријавија 119 волонтери кои во периодот кој следи ќе бидат на располагање на ОО на Црвен крст - Битола доколку има потреба“, соопшти претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски.
Оперскиот пејач Игор Дурловски ќе биде носител на листата со кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица пет, каде спаѓа и Битола.
Дури четворица битолчани се најдоа на листата со кандидати за пратеници. Покрај Дурловски, на местото број три е универзитетскиот професор и поранешен претседател на битолскиот општински Совет Силвана Ангелевска. На местото број шест е Олга Лозановска од Битола, специјалист по интерна медицина и актуелен советник и на 12 место е Бобан Бојковски, вработен во Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион. Останатите позиции се пополнети со кандидати од другите градови. На местото број два веднаш по носителот Дурловски е Антонијо Милошоски, досегашен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Отворање на рудниците за јаглен во Живојно и Мариово, ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ како еден од начините за да се зголеми производството на електрична енергија на РЕК „Битола“. Ова го откри Елена Маркова Велинова, претседател на Централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на трибината „Каде оди енергетиката во Македонија?“