2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Транспарентноста е вашата лоша страна, возврати ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ

Јануари 12, 2021

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашниот прес на СДСМ за транспарентноста на Општина Битола.

„Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции. Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните. А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај. Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население.

Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери. Може да се пофалите со вашата нетранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти. Свежо ни е сеќавањето од вчерашните поплавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура. Сето тоа не потсети на се уште  неисплатените штети од поплавите од јули минатата година. Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди,итн.Срамно и жално е да се лажат битолчани. Транспарентност, тоа е ваша лоша страна“, пишува во реакцијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани