2win800x200

НА ГРАЃАНИТЕ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ИМ СЛЕДУВА БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ И БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, РЕЧЕ ЗДРАВКОСКА

Февруари 02, 2021

Бесплатно е лекувањето за сите пацинети од ковид-19 кои немаат здравствено осигурување, рече Верица Здравкоска, раководител на подрачната служба на ФЗО во Битола. Ваквата одлука донесена уште во мај лани, сѐ уште важи, па сите лица кои немаат здравствено соигурување доколку заболеат од ковид-19 сите здравствени услуги и болничките трошоци за време на лекувањето ги добиваат бесплатно. Сите трошоци за лекувањето паѓаат на товар на Фондот. Водено, државата им овозможува здравствено осигурување да имаат и лицата со попречен развој над 26 годишна возраст.

„Со мерките докажуваме што значи вистинска грижа за осигурениците, пациентите и за здравствените работници во јавното и приватното здравство“, рече Здравкоска.

Продолжено породилно отсуство искористиле 271 родилка на ниво на Општина Битола.

„Фондот за време на пандемијата со одлука на Владата уште во мај одлучи за сите вработени лица кои користеа породолно боледување заклучно до 18.03.2020 година, да можат да го продолжат породолното без дополнително доставување документација до ФЗО. Оваа привилегија ја искористија 271 лице на ниво на општина Битола. Со одлука на Владата боледувањата прекинаа на 23.09.2020 , па беше овозможено вработените што користеа породолно боледување да се вратат на работните места“, додаде раководителката.

Таа посочи дека во подрачните служби, меѓу кои и во Битола, се подобруваат условите за работа со реконструкција на работните простории.

„Посебно во Битола се врши реновирање на конференциската сала и просториите за архива. Во следниот период продолжуваме со унапредување на системот за здравствена заштита и покавлитетни услуги за пациенрите. Наш приоритет е да имаме здрава нација, задоволни осигуреници и задоволни леркари во јавното и приватното здравство“, рече Здравкоска.фзо

фзо3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани