2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Власта и опозицијата ја продолжија кавгата за Копанки

Февруари 20, 2021
 
 Откако членови ма ВМРО ДПМНЕ утрово на рушевините од планинарскиот дом Копанки поставија транспарент "Пари за Глобал има, а Копанки ќје почека. Можеме уште повеќе, уште подобро“, реагираше СДСМ. 
 
"ВМРО – ДПМНЕ се грижи за Копанки само кога е во опозиција. Изградбата на Планинарскиот дом е тема на која опозициската партија упорно се обидува да “лови” политички поени. Забораваат дека токму тие, во време кога ги имаа сите механизми и ресурси, ја претворија реконструкцијата на Копанки во речиси невозможна мисија. Лажат и манипулираат дека за Копанки пари нема. Лажат, бидејќи вистината не им е од полза.
 
Ги потсетуваме и ДПМНЕ и целокупната јавноста дека домот изгоре во пожар ноќта помеѓу 27 и 28 јануари 2013 година. Токму ВМРО – ДПМНЕ, како тогашна локална власт, тврдеше дека пред да се реконтруира, домот мора да се легализира. Легализација на објектот се случи на почетокот на летото 2015 година. Во декември истата година, клубот што стопанисуваше со него најави скорешна реконструкција, па беше најавено дека во реконструкцијата ќе помага тогашно ЕЛЕМ. Дури и дијаспората се јави да помогне... Цели две години поминаа од легализацијата на објектот до локалните избори 2017 година, во кои тогашната локална власт на ВМРО – ДПМНЕ само што не започна со реконструкција на Планинарскиот дом Копанки. Што ги спречи тогаш да го изградат? Потрошија цели две години. Веројатно некој од инволвираните во постапките што се водеа во врска со Планинарскиот дом Копанки знаеше за незаконитостите што денес ги потрвдуваат судските инстанци во земјава. Затоа домот остана и сеуште е неизграден.
 
Потсетуваме и дека за целиот овој период, СДСМ беше таа која бараше средства за реконструкција на Копанки, но тогашната власт предводена од ДПМНЕ со различни изговори одбиваше да даде финансиска поддршка преку Советот на Општина Битола. Сега, кога се во опозиција, од уста не го “извадија” Копанки. 
 
Затоа потврдуваме уште еднаш. Пари за Копанки има. Нема потреба да помогне ниту ЕСМ, ниту дијаспората. Општина Битола предводена од СДСМ има доволно средства сама да го изгради Копанки, веднаш откако ќе биде завршена судската постапка на која и "кумуваа" фунциониери на ВМРО – ДПМНЕ, се наведува во соопштението од владеачката партија.
 
Претходно ВМРО-ДПМНЕ, со свое соопштени до јавностста потсети на ветуваеата на актуелната власт
 
 
"Наташа Петровска во предизборната кампања дека планинарскиот дом ќе го изградат за една година.
 
Но наместо да започнат со изградба на планинарскиот дом Копанки, локалната власт на СДСМ започна нелигитимна правна битка со планинарите и љубителите на планината со цел непријателско преземање на планинарскиот дом Копанки. Дали крајна цел е приграбување на Копанки од страна на лице кое е близок роднина на функционер од актуелната власт?
 
Прашањето кое сите го поставуваме е зошто тогашната опозиција а сега локална власт гласаше ЗА, за сите одлуки кои се однесуваат за проектот Копанки но кога дојдоа на власт наместо финансиски да го поддржат и да го изградат планинаскиот дом Копанки тие бесрамно и експресно донесоа Одлука финансиски да го поддржат трговскиот центар Глобал во Струмица кој е во приватна сопственост.
 
Ја повикуваме градоначалничката Наташа Петровска да ја повлечи донесената Одлука на Советот на општина Битола за финансиска поддршка на трговскиот центар Глобал во Струмица и финансиски да ја поддржи изградбата на планинарскиот дом Копанки веднаш и без одлагање бидејќи оваа локална власт тоа му го должи на Битолчани," се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани