АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Активисти на СДММ денеска на плоштадот Магнолија делеа антибактерсики гелови на минувачите, со што го одбележаа Глобалниот ден на миење раце, а претседателката на Комисјата за здравство на СДСМ, Билјана Гагачовска, укажа дека миењето раце во услови на ковид пандемија има особено значење
-Светскиот ден за миење раце е одличен повод за подигање на свеста за важноста и ползата од миењето раце, затоа што денес чистите раце спасуваат живот. Зошто треба да се мијат рацете? Рацете се најизложениот дел од телото од микрооргнизми. Миењето раце е најефикасна и наевтина мерка за превенција од различни болест кои се пренесуваат преку контактен пат и кои земаат милиони жители секоја година. Денес кога живееме во најтешкиот период во поновата истторија, со миењето раце, не го штитииме само личнто, туку и јавното здравје и им помагаме на здравствените работници и покажуваме почит, рече Гагачовска
Таа додаде дека хигиената во услови на пандемија е од исклучително значење.
-Постојаната хигиена е неопходна и како превентивна мерка , која локалната власт ја применува со дезинфекција на училиштата и градинките, јавниот превоз и јавните површини. Буџетот на Владата кој е одвоен за здравството го прави здравствениот систем подготвен за есенскиот бран. Имаме план за реорганзација на болничките капацитети и кадар за да одговориме на потребите и предизвикот. Добра вест е и одлуката на Владата за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку Ковакс механизамот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потрдени и регулирани од СЗО. Сега е опотребно разбирање, совесност, заедништво и сериозна подршка од сите граѓани. Апелирам до сите граѓани да ги миеме рацете, да носиме маска и да држиме дистанца, потсети Гагачовска