2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бистите од НОБ беа осквернавени на денот од смртта на Тошо Даскало, рече Крнчева

Јуни 24, 2020

Ваквиот вандалски чин на осквернавени спомен бисти е надвор од секое здраво човечко убедување. Борците овековечени во овој парк се дел од нашата историја и тие сведочат за бескомпромисната борба за независноста и самостојноста во која денес живееме, изјави Тања Крнчева од Форумот на жени при СДСМ на денешната прес конференција откако вчера со боја беа потурени спомен бистите на партизаните во Битола.

,,Само елементарно непознавање на нашата историја или од голема желба да се згазне врз еден временски период и врз нечиј лик и дело може да го доведи човек да го направи ова и тоа токму на денот кога се одбележуваше смртта на еден од тие народни херои, Тодор Ангелевски -Строгов или Тошо Даскало. Битола дала илинденци, народни херои, жртви во последниот воен конфликт, но овој кукавчики и дрзок чин не е ништо освен болна навреда за споменот на нив", рече Крнчева.

Социјалдемократскиот Сојуз и Форумот на жени на СДСМ како долгогодишен соработник на Сојузот на борции , но и како граѓани поддржувачи и продолжувачи на делото го  осудија ваквиот чин. Покренаа акција со која ќе се саниира направената штета во соработка со ЈП Коммуналец. Од ова ЈП денес почнаа со чистење на спомен бистите. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани