Хоџа и Солстром во посета на Националниот парк Пелистер: МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром.
За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и обновувањето на шумите од молика – ендемичен вид и еден од најпрепознатливите симболи на Пелистер.
Министерот Хоџа ја поздрави иницијативата на ЈУ Национален парк Пелистер за примена на современи пристапи во управувањето и заштитата на шумските екосистеми и ја потврди поддршката на Министерството за понатамошно унапредување на капацитетите на паркот.
Во таа насока, Хоџа најави дополнителна поддршка за Националниот парк Пелистер, преку инвестиција во современ објект за рана детекција и следење на шумски пожари.
МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство и справување со последиците од климатските промени.

Во време на светска пандемија, кога оваа генерација матуранти ја немаше  можноста да организира матурска прослава која се памети за цел живот, ниту пак да отпатува на заедничка екскурзија  со која ќе се збогуваат од  средношклските клупи, група од десетина матуранти предводена од Пантелејмон Трпчевски се искачи до Големо Езеро на Пелистер.

Од таму ексклузивно за апла.мк  испратија исклучителни фотографии, но и видео од нивната авантура со чамец од центарот на едно од најубавите глечерски езера на светот.-Големо Езеро во НП Пелистер.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани