2win800x200

НП Пелистер започна со мерките за ревитализација на старата моликова шума

Јуни 05, 2025
Во соработка со Шумарскиот факултет во Скопје, средните шумарски училишта од Демир Хисар и од Кавадарци, ЈУНП Пелистер и официјално започна со спроведување на мерките за ревитализација на старата моликова шума.
Свое предавање пред присутните гости вчера одржа проф.д-р. Николчо Велковски на тема „Подигнување на подмладни јадра за ревитализација на старата моликова шума".
Целосно свесни дека станува збор за исклучително важен шумски екосистем за НП Пелистер, за Битола и за Македонија, првичните мерки кои подразбираат отстранување на оштетените, паднатите и заболени стебла, ќе бидат спроведени со максимална претпазливост согласно Законот за шумите и исклучиво во соработка со експертите и сите надлежни органи. Мерките на терен ќе ги спроведуваат најискусните вработени од НП Пелистер кои целиот свој живот и работен век го поминале во установата.
-Заедно со експертите сме согласни, најнапред да се изработи Студија за одгледување и ревитализација на Моликата со што ќе се додефинираат и прецизираат сите понатамошни чекори, па дури потоа да се продолжи со спроведување и на останатите мерки. Станува збор за долгорочен и макотрпен процес кој подразбира и континуиран влог на сите кои се дел од активностите кои ќе следат. Сигурни сме во едно, спроведувањето на мерките ќе трае најмалку пет години, а првите резултати ќе може да се забележат после повеќе од десет, петнаесет, па и повеќе години, изјави Иванчо Тошевски, директор на НП Пелситер Битола.
нп 4
2 НП
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани